Реклама

Од први септември стартува градскиот воз, големата кражба нема да го попречи планот

Чешиново-Облешево ќе добие прв центар за рехабилитација на штркови

Дивите депонии го гушат Охрид – екоактивистите апелираат да се казнува

Владата е подготвена да интервенира доколку има значителни промени на светските берзи на нафта

Скопје се сеќава – 63 години од катастрофалниот земјотрес

Гостивар утре ќе добие технички исправна вода

Девет дена без чиста вода во Гостивар

Истокот ги санира последиците од невремето

Забрзано се гради автопатот Охрид – Кичево, се работат најкомплицираните 10 километри

Американските царини го тресат светскиот пазар

Македонија и натаму земја со најниски цени на горивата во регионот и без рестрикции

Охрид пред нов испит – експертите оптимисти, Пецаков најавува работа

Македонија

Петрушевски: Дали Филипче со идејата за преземање на Клиничката болница Жан Митрев планирал приватизирање на јавни пари бидејќи драстично ја зголемил сумата префрлена од ФЗО

Случајот со Клиничката болница Жан Митрев и волјата на Венко Филипче да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Случајот со Клиничката болница Жан Митрев и волјата на Венко Филипче да ја присвои во време кога СДСM беше на власт е еклатантен пример за расипничко и деструктивно однесување. Овој случај покажува каде Филипче ги пренасочувал парите на граѓаните и зошто, а покажува и дека вршел притисок и ветувал помош во судски случаи, изјави денеска на прес-конференција пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Филипче со однесувањето во овој случај покажува дека неговиот интерес почнува и завршува само ако тој и негови блиски имаат ќар, што го води исклучиво кон криминални мрежи.

Филипче стана министер за здравство во Владата на СДСM кон крајот на 2017 година и веројатно заедно со другар му Зоран Заев кројат план за зголемување на буџетот на приватната клиника.

Реклама

Па така, буџетот на болницата во 2020 година кога на власт се двајцата достигнал околу 11 милиони евра, или тоа се пари на граѓаните кои ги префрлиле на конто на болницата.

Тоа е дупло зголемување на буџетот на болницата кој во 2015 година бил околу 5,8 милиони евра.

Очигледно ова бил добро подготвен план за преземање на болницата преку зголемување на буџетот на истата.

Ако му успеал планот значи дека Филипче ќе направел приватизирање на јавни пари.

Големо намалување на сумата на народни пари на контотото на болницата следи во 2025 година кога се префрлени околу 7,7 милиони евра.

Ова е случај кој несомнено треба да има правна завршница.