Реклама

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Македонија

Пет кандидати во трката за градоначалник на Аеродром

Пет кандидати за градоначалници ветуваат дека ќе го унапредат живеењето во  скопски…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пет кандидати за градоначалници ветуваат дека ќе го унапредат живеењето во  скопски Аеродром. Оваа општина има најголем проблем со загадувањето и комуналниот отпад. Затоа и голем дел од кампањата, кандидатите за градоначалници ја посветија на идеи за нивно решевање.

Дејан Митески од ВМРО-ДПМНЕ се бори за да продолжи да управува со Аеродром.  Митески за борба против загадувањето најави гасна когенеративна централа, парно греење во населбите Лисиче, Горно и Долно Лисиче, како и зајакнување на инспекциите за да не се создаваат нови депонии, фотоволтаици на секоја зграда и куќа, нов спортски центар на кејот на Вардар.

За кандидатот на СДСМ, Александар Трајановски, Аеродром треба да прерасне во скопска гордост, а не дива депонија. Дел од програмата е и реформа на јавните претпријатија, крај на листите за чекање за упис на деца во градинките. Во здравството најголем новитет е воведување локален сервис за парамедицинска помош, што според него е потребно заради долгите чекања на брзата помош.

Реклама

Економистот Марјан Димитриев е адутот на Левица за Аеродром. Во неговата програма стои дека прво ќе изврши ревизија и измена на ДУП-ови, особено за поранешната касарна, но со целосна забрана за градење станови. Тој планира да отвори природно-математичка гимназија, дом на култура и технопарк, како и чаршија која ќе биде културно јадро на општината.

Кандидатот за градоначалник поддржан од ТМРО, Владимир Михајловски – Лепак, остварува повеќе средби со граѓаните на општината. Михајловски разговара за нивните проблеми, а понуди и своја програма за развој на општината. Тој смета дека општината треба да стане многу почиста и многу посредена. Меѓу проектите кои ги предвидува е решение за пазарот во општината.

Дејан Лазаревски од ЛДП е кандидат на коалицијата „Искуство за успех“. Тој најавува помош од 12 илјади денари за новороденче, субвенционирање на лифтови во згради под 6 ката, мост на Вардар помеѓу Аеродром и Гази Баба, полициски патроли и субвенционирање на еден оброк во училиштата, подземни контејнери.

Во Советот на општина Аеродром има 27 членови. На овие локални избори  поднесени се 10 листи за советници со 270 кандидати.