Реклама

Божиновска: Не може различната визија за енергетиката да се прогласи за кршење на Уставот

ЕУ по изборниот пораз на Вучиќ: „Вратите се отворени, подготвени сме да и помогнеме на Србија“

Дурмиши: Минималната плата ќе продолжи да расте во 2027 година

Ден по тектонскиот потрес: Вучиќ ги пакува куферите, граѓаните во еуфорија, студентите договараат – кој ќе ја води државата

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Македонија

Перински: Еднаква поддршка за сите – урбаните општини имаат целосен пристап до услугите на Ресурсниот центар

Во рамки на караванот „Каде што срцето е дома“, министерот за локална…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во рамки на караванот „Каде што срцето е дома“, министерот за локална самоуправа, Златко Перински, оствари работна средба со градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски и членовите на Советот на општината. Разговорите беа насочени кон клучните приоритети на општината, тековните инфраструктурни активности, како и кон можностите за дополнителна поддршка преку Ресурсниот центар за поддршка на развојот на општините, кој обезбедува експертиза, насоки и техничка помош согласно потребите на локалната самоуправа.

Општина Карпош, преку потпрограмата АА за инфраструктурни инвестиции во општините, во рамки на двата јавни повика доби средства во вкупна вредност од 694.970.635 денари, наменети за финансирање на 24 проекти. Овие проекти опфаќаат интервенции во локалната инфраструктура, изградба и реконструкција на спортски сали и градинки – инвестиции кои директно го подобруваат квалитетот на живот за жителите на општината.

„Карпош е пример за современа урбана општина со активна заедница, силни локални иницијативи и граѓани кои активно учествуваат во креирањето на локалните политики.“, нагласи Перински.

Реклама

Градоначалникот Сотир Лукровски ја поздрави иницијативата за информативно-координативна средба со која се утврдија неколку приоритети кои директно ќе влијаат врз ефикасното работење на Министерството за локална самоуправа и општините.

Ваквите посети се значајна можност за институционален дијалог – преку директна комуникација со избраните претставници да се слушне гласот на граѓаните, да се идентификуваат приоритетите и заеднички да се креираат одржливи решенија.

Министерството за локална самоуправа ќе продолжи со вакви теренски активности, со цел непосредно да ги следи потребите на општините и да обезбедува конкретна и навремена поддршка таму каде што е најпотребно.