Реклама

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Мицкоски: Граѓаните да бидат спокојни, до денар ќе си ги добијат своите пари

Дождовите ја спасија есенската сеидба на житото, земјоделците чекаат да се засуши земјата за да влезат во нивите

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта банка“, од денеска можат да си ги подигнуваат парите

Град Скопје ги ослободува младите брачни парови од плаќање комуналии за изградба на куќа

Полициски специјалци во акција во Куманово – Се разбива организирана криминално-лихварска група

Хаос на европското небо – лажни дојави за бомби го пореметија авиосообраќајот

Македонија

Педијатрите апелираат за масовен скрининг пред стартот на учебната година

Децата до единаесет годишна возраст тешко можат да се заразат од Ковид…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Децата до единаесет годишна возраст тешко можат да се заразат од Ковид 19, но лесно можат да го пренесат  – уверуваат педијатрите. Доктор Мими Кимовска Христов вели дека моментално најзагрижувачко прашање  е – какви последици ќе донесе носењето заштитна маска за време на училишна настава но и во секојдневието кај децата до десет годишна возраст.

“Ако тоа дете пет до шет часа по 30 минути носи маска во училиште,носи во автобусот маска и се враќа назад …рачунајте дека дека 5 часа е со маска и до дома оди со маска.Навистина се пореметува физиолошкиот процес при размена на гасовите. ” – вели Д-р. Мими Кимовска Христов, педијатар.

За педијатрите – прелиминарните образовни  протоколи не се доволно добро смислени – особено за најмладите генерации.

Реклама

“И не сум сигурна дека е доволно добар протоколот особено за помалите деца…затоа што тоа дете нема да знае кога да ја стави и кога да ја извади маската.” – Д-р. Мими Кимовска Христов, педијатар.

Бесплатен масовен скрининг како за наставниците, така и за учениците треба да биде главен услов за стартување на учебната година, велат педијатрите.

“Таа не е мала бројка ако 20 проценти од децата дојдат во училиште и од нив дојдат два проценти заразени – тие ќе направат мала епидемија и тоа ќе биде кластер во училницата па училиштата итн. За да не дојдеме до ситуација за брзо да ги затвориме училиштата…” – изјави Кимовска Христов.

Меѓу прашањата кои остануваат неодговорени е  како ќе им се надокнади наставата на децата доколку неколкупати во текот на учебната година мора да одат во карантин, односно, како ќе продолжат со школување оние кои би се лекувале од Ковид 19.

 

Ања Василева