Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски – Јанша: Пријателството да го преточиме во уште посилна економска соработка, европската интеграција да се темели на заслуги

Блажо Ѓорев во Њујорк беше партнер и ко-домаќин на престижниот деловен настан на BCIU, основан по иницијатива на Белата куќа

Македонија треба да го следи европскиот тренд за ограничување на пристапот на децата до социјалните мрежи

Нови пазари и приходи: Што ќе донесе антимонот, македонското „злато на новото време“?

Хутите стигнаа до теснецот „Баб ел-Мандеб“ – нафтата на берзите може да скокне до цели 120 долари по барел

Здравството без хартија: Новата стратегија носи дигитални картони, рецепти и консултации

Во Брисел состанок на министрите за европски прашања: Во фокус проширувањето и можната промена на правилата

ДЗР: Системот за заштита и спасување неподготвен за навремено и ефикасно справување со катастрофи

Мицкоски на отворањето на Генералното собрание на ОН: Со гордост ја претставуваме Македонија на местото на кое се носат важни одлуки

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Македонија

Партијата „Десна“ на Палевски функционира една година, на фејсбук шири антизападни и проруски политики

Политичката партија Десна за 6 дена од сега треба да слави една…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Политичката партија Десна за 6 дена од сега треба да слави една година постоење. На 12 декември минатата година истата е регистирана со судско решение, кое веднаш станува правосилно. Во своето едногодишно постоење на Десна, чиј претседател е Љупчо Палевски- Палчо, партијата има организирано два конгреса, едниот веднаш по регистирањето, а вториот на почетокот на август на местото наречено Трескавец. Група од стотина членови биле присутни на собирите, на дел од фотографиите може да се забележи и еден од осомничените во случајот за малата Вања и велешанецот Панче.

Официјалната страна на Десна не е во функција, па така главен извор на споделување на информациите од страна на партијата е нивната facebook фан страна, која е прилично активна.

На фан страницата често може да се забележат објави од појавувања на Палчо, како и видеа од неговите поткасти. Она што е забележливо на страницата е што во повеќе наврати очигледен е антизапатниот наратив, како и линкови од постови чија содржина е проруска. Од тука се и се поголемиот дел од шпекулациите дека токму партијата на Палевски е финансирана од сомнителни извори, блиски до истокот.

Реклама

На страницата на Десна на социјалните мрежи има и дузина на фотографии од дружби на членовите или пак симпатизерите на истата. На неколку фотографии може да се забележат и тројца од осомничените, како и фотографија на лицето кое е осмоничено дека го превезувало Палевски низ Србија и Бугарија.

Покрај останатите објави има и постови со критичка содржина кон ВМРО-ДПМНЕ и нивното лидерство.

По страшните случувања со Вања и Панче, дел од јавноста веќе бара забрана за постоење на партијата, а сличен став имаше и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

-Вакво криминално гнездо како што е направено, мора да се разбие до крај и такви политички партии кои со, не знам какви проминенции оваа го прават, како што е формирана, таа мора да биде дерегистрирана, кажа министерот одговарајќи на новинарски прашања.

Прашан за какви влијанија од странство се работи, Спасовски рече дека мисли на ставовите што ги застапува оваа политичка партија.

По повод случувањата се огласија и од партијата Десна:

Политичката Партија Десна, за своите членови и претседателот на партијата, доколку се докаже дека се виновни, бара да бидат најстрого казнети. Во меѓувреме апелираме да се почитува уставно загарантираната Презумција на невиност на осомничените и обвинетите, додека не се докаже спротивното, велат во објавата на друштвените мрежи.

Од партијата истакнаа дека согласно нивниот Статут, ќе ги замрзне членството, функциите и активностите на обвинетите до крајот на процесот.