Реклама

Самит ЕУ- Западен Балкан: Македонија е најдобра, испорачува реформи, на ред е Брисел

Сите повици и тимови на едно место-Скопје добива Центар за итна медицинска помош

Стоп за насилството врз жените, се бараат 7 милиони евра годишно и построги законски мерки за насилниците

Прв форум за енергетска дипломатија во Скопје, Македонија на пат кон енергетска независнот

Владата изгуби трпение – за 24 часа најде решение за проблемот со кравите во Крива Паланка

Мегафоните подготвени, слоганот напишан, грантот добиен: Невладиниот сектор го киднапира јавниот простор

Едносменската настава ги дава првичните резултати – поодморени деца, помала потрошувачка на струја во училиштата

Секој втор возрасен пуши, цигарите подостапни иако расте нивната цена

Тази дупка, не е дупка: Лидерот на СДСМ како да паѓа во очај- Венко Филипче индиректно бара од ЕУ да го донесе на власт

По долго одовлекување , СДСМ конечно собра храброст за продолжување на надзорната расправа за „Алта Банка“

Секој трет стан празен, цените напумпани, ќарот огромен: Попустот за становите нема да биде удар врз градежните фирми

Хорор во Крагуевац – ученик пукал кон хигиеничарките

Македонија

Панова: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи транспарентно и во интерес на народот

„Во Македонија за прв пат се враќа надежта заради тоа што во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Во Македонија за прв пат се враќа надежта заради тоа што во изминатите години кога беше СДСМ на власт имавме народ којшто немаше надеж дека може да биде подобро. Сега народот смета дека може да биде подобро и затоа не гласаа и на локалните избори“, вели Ели Панова, пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Панова нагласи дека денес државата е побезбедна, без престрелки на улиците, се градат четири автопати, а буџетот конечно е реален и стабилен. Панова истакна дека граѓаните сега гледаат дека може поинаку, додавајќи дека Владата е транспарентна и секој ден ги информира граѓаните за проектите, идеите и напредокот.

„Народот и граѓаните во моментот гледаат дека може да биде поразлично. Ние сега гледаме транспарентна Влада којашто секој ден држи прес-конференции за проекти, за идеи, напредок, за тоа што може да се изгради, што се прави во моментот“, истакна Панова.

Реклама

Таа порача дека додека државата е водена од ВМРО–ДПМНЕ и коалицијата, ќе има пари за се што е потребнозатоашто нема да се краде, средствата ќе се трошат домаќински и ќе се распоредуваат одговорно и во интерес на народот.