Реклама

Корупцијата под лупа – институциите го стегаат обрачот околу поткупот

Македонската царина спречи милионски шверц на Богородица

Скопскиот градоначалник најави бесплатни униформи за сите средношколци во прва година

Македонија е прва во Европа по зголемениот број на туристи

37 нови градинки ќе бидат отворени до крајот на оваа и текот на следната 2027-ма година

Комисијата за заразни болести ќе даде препораки за заштита од западно-нилска треска, откако за една недела има нови 8 случаи

Разговори може, Бугари во Устав по бугарски терк не може: Македонија се уште жртва на капитулациите на Ковачевски и Османи

Инфраструктруните проекти да останат меѓу приоритетите, велат експерти за Алфа

Мицкоски: Очекувам пониски цени на горивата следната недела

Цените на нафтата на светските берзи продолжуваат да паѓаат и натаму сме најевтини во регионот

Гостивар под надзор поради ризик од хепатит А и Е

Традицијата продолжува – Илинденската коњаница на пат за историско Крушево

Македонија

Осумнаесет години од смртта на Никола Кљусев – првиот премиер на независна Македонија

Денеска, 16 јануари 2026 година, се навршуваат 18 години од смртта на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Денеска, 16 јануари 2026 година, се навршуваат 18 години од смртта на академик Никола Кљусев, првиот премиер на независна Македонија и една од клучните личности во процесот на осамостојување на македонската држава.

Никола Кљусев почина на 16 јануари 2008 година, на 80-годишна возраст. Функцијата премиер ја извршуваше во периодот од 1991 до 1992 година, во време на историски и политички предизвици, кога беше поставен темелот на македонската независност и сувереност.

Во Штип завршил основно и средно образование. Како ученик, уште пред да стане полнолетен (1942-1945) учествувал во Антифашистичкиот отпор – во партизанските единици на Македонија.

Реклама

Во 1947 година заминал на студии на Економски факултет во Белград, каде што бил уапсен и испратен на Голи Оток, поради што две години бил исклучен од Универзитетот. Дипломирал економија во Белград во 1953 година, а докторирал во 1964 година.

Кариерата ја почнал како асистент на Институтот за научни истражувања во индустријата на Македонија, а од 1972 година бил редовен професор на Економскиот факултет во Скопје.

Во 1989 година бил избран за член на МАНУ, каде што бил претседател на Советот за демографски истражувања.

За својата научна активност носител бил на највисоката републичка награда „11 Октомври“ и на голем број други награди и признанија во земјата и во странство.