Реклама

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Македонија

Орце Ѓорѓиевски од „Ѓорче Петров“ најави капитални инфраструктурни проекти за подобрување на сообраќајот и квалитетот на живот

Кандидат за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски денеска во Ѓорче…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кандидат за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски денеска во Ѓорче Петров најави инфраструктурни интервенции кои ќе започнат веднаш по изборите.

-Денес сме во Ѓорче Петров, една од општините која секојдневно го носи товарот на голем сообраќаен метеж, рече тој, најавувајќи дека почетниот проект ќе биде изградба на модерен кружен тек меѓу улицата „Ѓорче Петров“ и булеварот Македонска војска што, според него, ќе донесе повеќе безбедност, помалку метеж и подобра мобилност на целиот западен влез од градот.

Во неговата визија за Скопје која носи концепт за нулта сообраќајни несреќи се планирани редизајнирање на 50 критични крстосници и улици.

Реклама

-Планираме до 2030 година да редизајнираме 50 критични крстосници и улици по европски срандарди да создадеме град во кој сите учесници во сообраќајот ќе се движат без страв и ќе се чувствуваат пред се безбедно, истакна Ѓорѓиевски.

Најави и други важни инфраструктурни проекти, како што е „проектирaно поврзување на улицата „Лука Геров“ со патот за Економија, што, според него, ќе го растовари сообраќајот, ќе осигура безбеден премин преку пругата и ќе ги поврзе населбите „Даме Груев“ и Стопански двор во една функционална целина. 

За Волково рече дека ќе добие улица по европски стандарди со безбедни тротоари и модерна инфраструктура достојна за сите наши граѓани.

-Во тек е и проектирање на улицата „Веле Марков“ која ќе се поврзе со булеварот Македонска војска и ќе биде вистинска комуникациска врска што ќе го растовари локалниот метеж. Дополнително, ќе се гради и улицата „Шарпланинска“ со модерна инфраструктура, одводнување, осветлување и зеленило, за да им се овозможи директно поврзување на населбата Даме Груев со главните сообраќајни коридори, истакна Ѓорѓиевски.

Тој најави изградба на нов и модерен објект за средното училиште „Кочо Рацин“ и  решение за проблемите со водоснабдувањето.

-Ѓорче Петров ќе добие нов резервоар и пумпна станица на Оризарски рид, што ќе обезбеди стабилно и сигурно водоснабдување што ќе служи за генерациите кои доаѓаат после нас, нагласи Ѓорѓиевски.