Реклама

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Македонија

Орце Ѓорѓиевски очекува победа во Скопје уште во првиот круг

Кандидатот за градоначалник на Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Орце Ѓорѓиевски верува…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кандидатот за градоначалник на Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Орце Ѓорѓиевски верува дека ќе победи уште во првиот круг на изборите закажани во недела. Ваквото верување, Ѓорѓиевски го темели на она што го има сработено изминатите четири години како градоначалник на општина Кисела Вода. 

– Убеден сум дека ќе ја добијам поддршката и очекувам победа во првиот круг земјаќи во предвид дека имам сериозно сработено позади себе изминатите четири години и имам сериозен кредибилитет да ја побарам поддршката од граѓаните. Искрен да бидам очекувам победа уште во првиот круг, рече Ѓорѓиевски на првото вечерашно соочување со неговата противкандидатка од СДСМ Каја Шукова. 

Вели дека самостојно ќе одлучува и нема да дозволи сугестии од никого.  

Реклама

– Приоритет секогаш ќе ми бидат граѓаните како што тоа го правев во Кисела Вода изминативе четири години. Покажав дека единствениот интерес којшто го штитам е интересот на граѓаните. Тоа значи самостојно управување и преземање на чекори кои ќе бидат единствено во полза на граѓаните. Мицкоски никогаш не ми сугерирал за одредена ситуација. Секогаш како премиер на Владата бил насочен да помогне за реализација на одредени проекти, но да ми сугерира, прво јас не сум таков карактер. Јас сум возрасен човек и никој не може да ми сугерира освен граѓаните, рече Ѓорѓиевски. 

Ја обвини противкандидатката на СДСМ за водење црна кампања.