Реклама
Македонија

Општина Босилово ќе гради јавни тоалети во шест населени места

На барање на граѓаните ќе се градат јавни тоалети во Босилово, Штука,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На барање на граѓаните ќе се градат јавни тоалети во Босилово, Штука, Секирник, Радово, Иловица и Моноспитово, објави на неговиот фејсбук профил градоначалникот на Босилово, Ристо Манчев.

Според објавенето, тоалетите ќе бидат со обезбедени приклучоци на струја и вода и друг неопходен инвентар.

-На прв поглед е банално, но потребата произлезе на барање на граѓаните, а со цел подобрување на јавната хигиена, напиша градоначалникот Манчев.