Реклама

Почнува трката за сместување во студентските домови – слободни 3500 места

Алфа неофицијално дознава: Фекалии во водата која ја пиеле гостиварци, од ИЈЗ не потврдуваат поради Обвинителството

ИЈЗ ги заврши анализите, резултатите сега се кај обвинителите: Фекалии пронајдени во водата во Гостивар?!

Продолжена кризната состојба за нафтените деривати до 20-ти октомври

Владата ќе ги намали акцизите на горивата

Мицкоски бара одговорност за Гостивар

Уапсени директорката и менаџментот на гостиварски „Комуналец“

Прогласена епидемија во Гостивар

Сина економија – нова шанса за македонскиот бизнис

Магијата на Свети Наум: Место каде што се спојуваат езерскиот мир, природата и вековната традиција

Двајца американски војници загинаа во ирански напад во Јордан, Иран се повлече од договорот со САД

Жител од прилепското село Голем Радобил моли за помош за да го реновира својот опожарен дом

Македонија

Оперскиот пејач Ристе Велков и неговиот син Адам загинаа во трагедијата на скопската обиколница

Еден од водечките македонски баритони, Ристе Велков е меѓу загинатите во тешката…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Еден од водечките македонски баритони, Ристе Велков е меѓу загинатите во тешката сообраќајна несреќа, што се случи синоќа на скопската обиколница, потврдија од Национална опера и балет.

Претходно Министерството за внатрешни работи информира дека четири лица загинале во сообраќајната несреќа, која се случила синоќа на обиколница на Скопје, помеѓу надвозник Визбегово и клучка Мирковци.

МВР информира дека синоќа во 23 часот во СВР Скопје е пријавено дека на обиколница на Град Скопје, помеѓу надвозник Визбегово и клучка Мирковци, Б.Б.(76) од Косово, управувајќи товарно возило – влекач „ман“ со полуприколка со косовски национални ознаки, изгубил контрола над возилото и со него преминал преку металната ограда во спротивната насока на автопатот при што се судрил со патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.В.(51) од Скопје.

Реклама

Од сударот настанал пожар во двете возила од кој патничкото возило и кабината на влекачот целосно изгореле. Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје.

Од здобиените повреди на местото на несреќата починал возачот Р.В. и сопатниците од неговото возило, А.В.(20) и П.М.(20) од Скопје и уште едно лице чиј идентитет засега е непознат. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телата на починатите се дадени на обдукција.

Исто така, по наредба на јавен обвинител возачот Б.Б. е лишен од слобода и задржан во полициска станица.

По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

За време на вршење на увидот, односно во периодот од 23:10 до 05:00 часот сообраќајот е пренасочуван на патниот правец Тетово-Велес, кај клучка Приштина кон с.Визбегово и Велес-Тетово кај клучка Мирковци. Во 05:00 часот сообраќајот е нормализиран.