Реклама

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Дури 11 пријавени нови случаи на ХИВ-СИДА за само 15 дена од месец јули

По цели седум години, министерот Муцунски ги собира македонските амбасадори во Скопје на консултации

Тревога – Македонија се наоѓа во зона на висок ризик од пожари: И најмало жарче може да предизвика невидена катастрофа

Почнува трката за индекс- тече првиот уписен рок на најголемиот Универзитет во државата „Свети Кирил и Методиј“

Се чека само потписот за да потече гасот: Од септември Македонија станува дел од Вертикалниот гасен коридор

Венко Филипче е во штабот на СДСМ: По 12 дена конечно познато каде е, летниот одмор најстрого чувана тајна

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

Македонија

Охрид полн со гости за споените празници

Првомајски, паразникот го раздвижи нашиот најголем туристички центар, донесувајќи гости од целиот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Првомајски, паразникот го раздвижи нашиот најголем туристички центар, донесувајќи гости од целиот свет. Вљубениците во Охрид уживаат во македонскиот бисер, покрај домашните, најбројни се гостите од опкружувањето ,а забележливо е присуство и на гости од многу европските земји. Широка насмевка ги краси лицата на странските туристи чиј пат ги навел во Охрид.

Првомајски и велигденски ќе престојуваме овде во Охрид,си ги споивме празниците.Ги сумираме првите впечатоци,делува преубаво,а се чувствуваме како дома; -Среќни сме што одучивме да дојдеме од родната Полска за да ги доживееме убавините на Охрид.Ќе останеме само три дена,но ветуваме дека ќе дојдеме пак. Евтино е, поволно е, зошто да не;-Каде се бањате, каде се плажите? Овде на кејот пишува дека е забрането,но ако вие велите дека може, ќе се освежам во езерските води на Охрид.Да дојдам во Охрид а да не се избањам, исто како да не сум дошол;-Охрид може да се носи со летните туристичките дестинации кај нас во Словенија и не само тоа,овде е дури и поубаво, коментираат гостите.

Македонскиот бисер Охрид кој е меѓу само 28-те места во светот кои се на листата на УНЕСКО поради природните и културни богатства,никого не остава рамнодушен.

Реклама

 Денешната група ми е од Србија, пред две дена имав од Италија,од Бразил имав, од повеќе држави.Какви се впечатоците? За мене се прекрасни затоа што се трудам на најдобар можен начин да го претставам нашиот град, нашата прекрасна држава и до сега повратниот ефект е не добар, туку одличен”-вели Даниела Сакова, туристички водич.

Вљубениците во Охрид ја вдишуваат убавината на големото плаветнило, крстарејќи по езерската шир. Зачудувачки-раскажуваат но некои, се’ ги интересира,највеќе историјата но и политиката.

“Јас им објаснувам дека таму е Радожда, последното македонско село, а тие ме корегираат дека е Северна Македонија.Јас им кажувам дека за мене е Македонија,а за нив нека биде како што сакаат тие.Исто за Бугарија, за Кирил и Методиј тие велат дека се нивни,јас им кажувам дека се сесловенски”-вели бродарот Зоран Ангелоски.

Празничниот ден исполнет со многу сонце и добро расположение ги наполни терасите, кафулињата.Секој наоѓа забава за себе,која во Охрид и тоа како ја има. Да ја сочуваме оваа божја убавина која никого не остава рамнодушен-порачуваат нашите соговорници. Ако првомајските празници се репер за успешноста на претстојната туристичка сезона,градот под Самоиловата тврдина оваа година ќе биде полн со гости.

Росица Голабоска

Снимател,монтажа Златко Маневски