Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски-Вучиќ, разговарано за унапредување на соработката

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Македонија

Одобрено обвинението за пожарот во Кочани – ќе им се суди на 34 луѓе и три фирми

34 обвинети седнуваат на обвинителна клупа за трагичниот пожар во Кочани во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

34 обвинети седнуваат на обвинителна клупа за трагичниот пожар во Кочани во којшто загинаа 62-јца млади луѓе, а над 200 беа повредени. Скопскиот кривичен суд во целост го прифати обвинението и за три фирми, со едно кривично дело „тешки дела против општата сигурност“.

  • „Со оглед дека станува збор за обвинителен акт во кој што има 37 обвинети лица кои што имаат 33 бранители, беше исклучително тешко да се достави обвинителниот акт до сите нив, особено од причина што на голем дел од нив мерките притвор беа заменети, па во моментот на достава Претседателот на советот за оцена имаше пречки за да може да утврди кој обвинет каква мерка има и каде се наоѓа за да може да се изврши доставата“ велат од Судот.

Од Кривичниот суд велат дека биле ангажирани сите расположливи ресурси за навремено и законито постапување, за да не се создадат непотребни пропусти кои би ја компромитирале постапката.

  • „Но, и покрај сето тоа, судот во целост ја имаше предвид сензибилноста на постапката, јавниот интерес и пред сè чувствителноста на над 250 оштетени лица и семејства на починатите во пожарот. Токму поради тоа, се обиде на најефикасен начин да ги исполни сите законски обврски и да го оцени актот во предвидениот законски рок“ – Кривичен суд.

Предметот ќе го води судијата Диана Груевска Илиевска, позната во јавноста од кога го водеше предметот „Поткуп“ за експремиерот Зоран Заев а и ја донесе предсудата за несреќата со Дурмо Турс во која 16 патници го загубија животот.

Реклама

Неколку судии беа изземени од оценката на обвинението и постапувањето по овој предмет бидејќи, нивни блиски се бранители на обвинетите, или пак, се во роднинска врска со жртвите и затоа се исклучени од автоматската распределба во АКМИС системот.

Судот треба да се произнесе и за обвинието за реалниот сопственик на Агенцијата за обезбедување на дискотеката Пулс, кое е во фаза на оценување. Дополнително Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција води истрага за над 20-тина полициски службеници и функционери.

На 16 март годинава во кочанската дискотека за време на настапот на бендот ДНК, во пожар загинаа 62-ца млади луѓе. Најмладиот имаше 16 години. Според истрагата пожарот настанал од палењето на пиротехниката. Дискотеката била претесна за бројната публика, а функционирала само главната врата, досека останатите биле затворени. Обвинението опфати и верижна одговорност на функционери од локалната па се до извршната власт. Според обвинителството предитрага се води и за други институции и осомничени.