Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Одложено рочиштето против обвинетата Илијевска од Кратово

Одложено е судењето за обвинетата Вангелица Илијевска, која предминатата година ги уби…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Одложено е судењето за обвинетата Вангелица Илијевска, која предминатата година ги уби својот сопруг и свекор во семејн ата куќа во Кратово. Од Основниот суд Куманово информираа дека судењето се одложува, бидејќи треба да се направи супервештачење на Клиниката за психијатрија за обвинетата  Илијевска.

На претходното рочиште судот ја донесе одлуката по барање на обвинителството, со образложение дека новото мислење ќе ги отстрани сите евентуални недоречености, пропусти и можни различни правни квалификации произлезени од претходното вештачење подготвено на барањето на одбраната на Илијевска. Одбраната, рече дека и во двете вештачење предложени и од обвинителството и од одбраната, психијатрите укажале дека поради конфликт на осомничената и жртвите и чувството на загрозеност на физичкиот интегритет довело до афективна ерупција и силна раздразнетост.

Обвинителството бара Илијевска да се осуди по член 123 од Кривичниот законик, додека нејзината одбрана тврди дека таа, постапувала во нужна одбрана.

Реклама

Јавниот обвинител во воведниот говор кажа дека Илијевска по семејно насилство со нож ги убила нејзиниот сопруг Јован и свекорот Стојан. Обвинителството остана на обвинителниот акт и за продолжување на куќниот притвор на Вангелица. Одбраната на првото рочиште рече дека Илијевска била во брак повеќе од десет години и била жртва на семејно насилство, физичко и психолошко малтретирање од сите членови на семејството, најмногу од нејзиниот сопруг Јован.

Наредното рочиште е закажано за април, годинава.