Реклама
Македонија

Од журка во Влада, Џафери седна во премиерската фотеља

Срдечно го пречека, му пружи рака и го седна во премиерската фотеља.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Срдечно го пречека, му пружи рака и го седна во премиерската фотеља. Ковачевски и официјално му ја предаде функцијата на Џафери, досегашниот спикер на Собранието и поранешен командат на УЧК. Премиерот во заминување и покрај тоа што испорача речиси се што ДУИ побараа од него, сеуште не е чисто дали неговите остапки и попуштања ќе бидат доволни за од Ахмети да ја добие поддршката за заеднички настап на претстојните избори.

На заедничка прес-конференција Ковачевски и Џафери еден со друг си се изнафалија си посакаа успшешна работа и ветија дека државата во идниве месеци ќе функционирала по Устав и закони. Со новата функција на Џафери му следува и возилото кое сите го плукаа, а сега сите се возат во него. На техничкиот премиер му било сеедно во што ќе се вози, работа на службите било да му обезбедат кола. Вели немал комплекс како ќе си одел дома дали приватно, дали сo службеното возило.

ДУИ со го доби тоа што го бараше, нивен човек да седне на главното столче на Илинденска, ама се чини дури ни тоа не е доволно за Ахмети конечно да пресече и да каже дека прави предизборна коалиција со СДСМ.

Реклама

Премиерот во заминување Ковачевски, секој пат прашан во која насока оди здружувањето на силите пред изборите, наговестува колку многу би сакал интегративицте да се приклучат на социјал-демократите, но од првиот човек од Мала Речица нема ни глас за понудата на Ковачевски.

И денеска Ковачевски, на прашањето за коалиции наговести дека би сакал коалиција со ДУИ, по превезот на здужување на сили за патот на Македонија кон ЕУ.

-Разговорите со коалициските партнери се одвиваат на регуларно ниво. До овој момент не постои финален договор, што е и нормално бидејќи се уште се наоѓаме во фаза кога изборите не се распишани. Но, има разговори, со цел на правење коалиција на политички партии кои имаат исти вредности а тоа е Северна Македонија да биде членка на ЕУ, наспроти други политички партии кои што застапуваат алтернативни решенија, кои што не ги ни објаснуваат, рече денеска Ковачевски.

Додека Ковачевски нуди опции за здружување на пред избори, од ДУИ се’уште тактизираат, не кажуваат ниту дали би оделе со СДСМ за парламентарни ниту пак за претседателски избори, иако од премиерот во заминување добија се што посакаа од голем број на министерски места, измилсена функција на прв вицепремиер, се до технички премиер. Сепак се поверојатно е дека ДУИ би настапиле сами, оти заедничка колација со СДСМ во период кога опозицијата од албанскиот политички блок зема поголем замав, е опасност дека ДУИ ќе загуби дел од нивното веќе постоечко гласачко тело.

Од СДСМ пружаат рака и на партијата на Таравари, но и од таму нема јасен одговор. Алијанса на албанците има три опции, да оди со Гаши, Меџити и Касами како здружена опоцизија, да се приклучи на СДСМ или пак да настапат сами. По средбата на Таравари со косовскиот премиер Кутри, се шпекулира дек Таравари би одел со блокот на опозицијата од албанскиот блок, во крајна линија би оделе самостојно.