Реклама

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Македонија

Од обилните дождови поплавени домови, земјоделски површини и патишта во делови од државата

Од обилните дождови поплавени се домови, земјоделски површини и патишта во некои…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од обилните дождови поплавени се домови, земјоделски површини и патишта во некои делови од државата. По сушното лето, ноемврискиот дожд е добредојден за почвата, но донесе и проблеми.

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека има поплавени домови и земјоделски површини, како и одрони на патишта во дел од државата.

Во општина Ресен, како последица на обилните врнежи, дошло до излевање на реките Болнска и Источка во селата Царев Двор и Дрмени, при што се поплавени над 50 куќи, магацински простории, визби и земјоделски површини.

Реклама

Во општина Битола се пријавуваат повеќе интервенции – се градат насипи на надојдената река Драгор, се интервенира кај подпелистерските села, се расчистуваат патиштата од наносите од вода, а се пријавени и прекини на водоснабдувањето.

Во општина Демир Хисар, од излевање на река Црна кај село Жван се поплавени земјоделски површини, а надлежните екипи расчистуваат одрони на локалните патишта.

Во општина Прилеп, пак, преку Е-112 е пријавено дека паднал таван на куќа како последица од дождовите.

Регионалниот центар за управување со кризи – Охрид – извршил повеќе интервенции на поплавени домови.

По престанокот на дождот, состојбата е стабилизирана, но реките и понатаму се на високо ниво. Се расчистуваат повеќе одрони и на регионалните патишта, во Крива Паланка и Кратово, а одрони има и на патот Струмица–Валандово.

Во Скопје, нивото на реките е покачено, но според ЦУК, состојбата е под контрола и без излевања.