Реклама

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Македонија

Од денеска казни за пешаците и возачите што користат мобилни и други електронски уреди во сообраќајот

Пешаците кои преминуваат коловоз и разговараат на мобилен телефон, користат слушалки за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пешаците кои преминуваат коловоз и разговараат на мобилен телефон, користат слушалки за разговор во двете уши, смарт часовник или таблет од денеска ќе бидат санкционирани. Истите законски мерки важат и за возачи на велосипед, мопед, мотоцикл, трицикл, и четирицикл кои, според законот, за време на управувањето не смеат да користат електронски уреди.

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата известува дека од денеска стапуваат на сила новите измени на ЗБСП кои се усвоени со цел да се унапреди безбедноста на најранливите категории на учесници во сообраќајот и да се намали бројот на случени сообраќајни незгоди како последица на невнимателно однесување во сообраќајот.

-Новите законски решенија се воведуваат во насока на елиминирање на одредени навики кај пешаците и возачите од определени категории возила. Со новиот закон меѓу другото е предвидено и дека возачот на електричен тротинет за време на управувањето со возилото не смее да користи електронски уреди, како што се слушалки во двете уши, мобилен телефон, таблет, смарт часовник или друг вид на електронски уред со кој би му се намалила стабилноста и можноста за реагирање и сигурно управување со возилото, освен специјализираните уреди за комуникација кои се вградени во заштитните шлемови, посочуваат од РСБСП.

Реклама

Ова, според РСБСП, подразбира поставување нови стандарди за одговорно однесување во сообраќајот, при што, пешаците, велосипедистети, возачите на електрични тротинети и останатите учесници во сообраќајот предвидени со законското решение, се обврзуваат да учествуваат во сообраќајот без да користат електронски уреди кои им го одвлекуваат вниманието.

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата нагласува дека целта на ваквите законски измени е созадвање на услови за поголема безбедност, намалување на ризиците и заштита на човечките животи. Советот упатува апел до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи бидејќи Безбедноста на патиштата е заедничка одговорност, на сите нас.