Реклама

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Скршени заби и сериозни повреди – брутално претепано 13 годишно дете во скопско Влае

Партиска математика што го релативизира поразот – се засилува притисокот врз раководството на СДСМ по Брвеница

Мицкоски: Цените на храната и пијалаците во Македонија се меѓу најниските во регионот

Превенцијата и психолошката поддршка клучни за успешно лекување на пациентите со рак на дојка

Онлајн туризам со еден клик – меѓународни платформи, невидлива конкуренција за домашните туристички агенции

Како најевтино и најефикасно да се затоплиме – струјата најскапа опција

16 уапсени во големата акција на МВР – пронајдени дрога, оружје и муниција

БИРН: Србија финансирала здруженија во Македонија поврзани со промоција на партијата на Вучиќ

Македонија

Образованието е фундамент на секоја земја, затоа младите се во фокусот на оваа Влада, вели Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека унапредување на образованието, образовниот процес и образовната…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека унапредување на образованието, образовниот процес и образовната инфраструктура, како и унапредување на стандарот на студентите е главен приоритет на Владата и најави дека како и досега ќе работат во таа насока, бидејќи, како што рече, образованието е фундаментална вредност на секоја земја. Најави и дека во таа насока во следниот период ќе има уште позитивни изненадувања за младите и за студентите.   

-Ги завршуваме студентски домови. Почнуваме со изградба на нови. Мислам дека тендерот е веќе распишан. Ќе се заокружат и оние две згради за кои во моментот трае препроектирањето и кои се срам на едно време, така да го наречам. Тоа се двете  згради – на ФИНКИ и на Факултетот за физичка култура, рече премиерот Мицкоски во одговор на новинарско прашање што друго прави владата за подобрување на животниот стандард на студентите освен изградба на нови универзитети.

Образованието, потенцира, е фундаментална вредност на една земја и треба да се работи да се создадат што подобри услови. 

Реклама

-Образованието е фундаментална фундаментална вредност на една земја. Го подобруваме стандардот на студентите, покрај со ваучерите што ги дадовме за електронските уреди, тука се и обезбедените средства за редовна ислата на стипендии, за студентски оброк … Така што, младите се во фокусот на оваа Влада и во наредниот период кој ќе следи ќе имаме уште добри позитивни изненадувања за младите и за студентите, рече Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања по поставување камењн темелник за изградба на универзитетски кампус на Универзитетот „Мајка Тереза“.