Реклама

Почнува трката за сместување во студентските домови – слободни 3500 места

Алфа неофицијално дознава: Фекалии во водата која ја пиеле гостиварци, од ИЈЗ не потврдуваат поради Обвинителството

ИЈЗ ги заврши анализите, резултатите сега се кај обвинителите: Фекалии пронајдени во водата во Гостивар?!

Продолжена кризната состојба за нафтените деривати до 20-ти октомври

Владата ќе ги намали акцизите на горивата

Мицкоски бара одговорност за Гостивар

Уапсени директорката и менаџментот на гостиварски „Комуналец“

Прогласена епидемија во Гостивар

Сина економија – нова шанса за македонскиот бизнис

Магијата на Свети Наум: Место каде што се спојуваат езерскиот мир, природата и вековната традиција

Двајца американски војници загинаа во ирански напад во Јордан, Иран се повлече од договорот со САД

Жител од прилепското село Голем Радобил моли за помош за да го реновира својот опожарен дом

Македонија

Нови садници на повеќе локации во Кочани

Надлежните служби од Општина Кочани денеска работеа на озеленување на дел од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Надлежните служби од Општина Кочани денеска работеа на озеленување на дел од јавните површини во градот.

Сто и педесет садници од јасен, јавор, црвена слива, индиски јоргован, бреза, туја и ликвидамбир се засадени на улиците „Четврта македонска бригада“, „Скопска“ „Тодосија Паунов“, во разделните зеленила на градските сообраќајници, во Градскиот парк, а се обновуваат и испразнети места во дрворедите низ градот. 

Хортикултурното уредување и озеленување на јавните површини се реализира со средства од Буџетот на Општина Кочани, според програмските активности за заштита на животната средина, велат од локалната самоуправа. 

Реклама

Комуналните инспекциски служби од Општина Кочани апелираат за совесно и одговорно однесување кон новите садници, дрвјата и воопшто кон зелените површини.