Реклама
Македонија

Нови програми за специјализации и супспецијализации – реформа за поквалитетен и поефикасен здравствен систем

Од следната академска година се воведуваат големи промени во медицинските специјализации во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од следната академска година се воведуваат големи промени во медицинските специјализации во Скопје, Тетово и Штип.Целта е да се подобрат здравствените услуги во градовите од внатрешноста.Тоа во пракса значи секој млад доктор кој сака да биде специјалист, прво ќе мора да помине петгодишно студирање по општа хирургија и интерна медицина. Дури потоа ќе може да се насочи кон потесна специјалност. Идејата на здравствените власти е лекарите да имаат пошироко знаење и да бидат поподготвени да работат каде што најмногу недостига кадар.

„Воведуваме засилена практична обука, особено во ургентната медицина и во интензивната нега. Се воведуваат засилени обуки во ‘point of care’ ултразвукот како стандардна вештина за секој интернист. Дефинираме минимални практични интервенции и овозможуваме поголема автономија на специјалистите во нивната секојдневна работа. Целта е образовниот процес да создаде интернист кој може самостојно да управува со комплексни и со итни состојби на секундарно ниво, со поширока клиничка подготвеност за состојби во однос на различни органи и системи“, кажа Алиу.

Од лекарската комора велат дека за оваа реформа контактирале со коморите од Германија, Австрија и Словенија, бидејќи тие ја организираат специјализацијата во тие земји.

Реклама

„Докторот во Македонија ќе го задржите ако го вработите и ако му дадете да се образува онака како што треба. Генерално, колегите имаат проблем низ внатрешноста со оние ‘усогласени специјализации’, затоа што законските регулативи го прават ограничен само на една специјализација во одговорноста и во препишување на медикаментозна терапијавели претседателката на Лекарската комора.

Главната задача ќе ја имаат менаџерите на болниците, каде што тие ќе одлучуваат какви специјалисти им се најнеопходни.Наместо веднаш да се оди на тесни гранки, како торакална или абдоминална хирургија, лекарите прво ќе мора да стекнат широка основа.Според деканот Светозар Антовиќ, целта е специјализациите да бидат пократки, појасни и попривлечни за младите лекари.

„Целта на реформата од таа програма по општа хирургија и по општа интерна која ја ревидираме е да ја усовремениме и да ја направиме покомпактна и многу попримамлива за нашите колеги. И да кажам дека ќе биде таа специјализација со должина од пет години. Што треба тоа да постигне? Треба да постигне да сите установи коишто се на секундарно ниво, своите специјализанти ги праќаат, значи директорите да ги праќаат на општа хирургија и на општа интерна” вели деканот на медицинскиот факултет проф. д-р Светозар Антовиќ.

Административно процедурата за реформата треба да помине на седница на Влада, а понатаму ќе ги известат  државните универзитети за да може академската постапка да почне кај нив.