Реклама

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Скршени заби и сериозни повреди – брутално претепано 13 годишно дете во скопско Влае

Партиска математика што го релативизира поразот – се засилува притисокот врз раководството на СДСМ по Брвеница

Мицкоски: Цените на храната и пијалаците во Македонија се меѓу најниските во регионот

Превенцијата и психолошката поддршка клучни за успешно лекување на пациентите со рак на дојка

Онлајн туризам со еден клик – меѓународни платформи, невидлива конкуренција за домашните туристички агенции

Како најевтино и најефикасно да се затоплиме – струјата најскапа опција

16 уапсени во големата акција на МВР – пронајдени дрога, оружје и муниција

БИРН: Србија финансирала здруженија во Македонија поврзани со промоција на партијата на Вучиќ

Македонија

Нова опрема на ФЕИТ за унапредување на заштитата на медицинските лица од јонизирачко зрачење

Министерот за здравство, Азир Алиу, денеска ја посети лабораторијата за радијациска физика…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за здравство, Азир Алиу, денеска ја посети лабораторијата за радијациска физика при Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) при УКИМ, соопшти ресорното Министерство. 

Според информацијата, станува збор за акредитирана лабораторија, согласно пропишаниот стандард за квалитет, која покрај акредитацијата за детекција на храна и материјали третирани со јонизирачко зрачење, има акредитација и за персонален дозиметриски мониторинг на лица професионално изложени на јонизирачко зрачење.

Мониторингот, како што посочува Министерството за здравство, се прави на лица во медицински установи, вклучени во законските програми за мониторинг.

Реклама

– Лабораторијата за радијациска физика е доопремена со нова опрема, добиена како грант од Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), која ќе овозможи поквалитетен дозиметриски мониторинг и проширување на бројот на медицински лица опфатени со оваа законска програма. Во нашата држава постојат само три лаборатории, акредитирани за спроведување персонален дозиметриски мониторинг, меѓу кои Институтот за јавно здравје и лабораторијата при ФЕИТ, која претставува пример како преку меѓународни фондови и со поддршка од државата можат да се развиваат капацитетите на универзитетите, како во научно-истражувачката така и во апликативната дејност, истакнал министерот Алиу.

Деканот на Факултетот за електротехника и информациски технологии, проф. д-р Владимир Атанасовски, според соопштението на Министерството за здравство, истакнал дека ФЕИТ денес претставува водечка институција во државата во развојот на научно-истражувачка инфраструктура и експертиза во повеќе технолошки области.

– Нашата цел е преку ваквата инфраструктура да придонесеме за едукација на висококвалификувани кадри и за поддршка на здравствениот систем, особено во областа на радијациската заштита и медицинската физика, посочил Атанасовски.

Проф. д-р Христина Спасевска, раководител на лабораторијата за радијациска физика при ФЕИТ, информирала дека во овој момент лабораторијата извршува дозиметриски мониторинг на 168 здравствени работници, а во постапка е ангажирањето на лабораторијата за уште 207 лица. 

– Со новата опрема обезбедена од МААЕ ќе се овозможи мониторинг на околу 550 здравствени работници, со што лабораторијата се поставува како значаен фактор за радијациската бедбедност во медицината, посочува Министерството за здравство.