Реклама

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Македонија

Нова комуникациска платформа „Дознај ФАКТИ од Уставен суд“

Уставниот суд од денеска пушта во употреба нова комуникациска платформа „Дознај ФАКТИ од Уставен суд“, наменета за навремено, точно и официјално информирање на граѓаните, медиумите и пошироката јавност. – Платформата е создадена како дел од заложбите на Судот за поголема транспарентност, отвореност и достапност на информациите од јавен интерес. Нејзината цел е да обезбеди проверени […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Уставниот суд од денеска пушта во употреба нова комуникациска платформа „Дознај ФАКТИ од Уставен суд“, наменета за навремено, точно и официјално информирање на граѓаните, медиумите и пошироката јавност.

– Платформата е создадена како дел од заложбите на Судот за поголема транспарентност, отвореност и достапност на информациите од јавен интерес. Нејзината цел е да обезбеди проверени факти и појаснувања за работата на Судот, постапките, одлуките и надлежностите, но и да придонесе во борбата против дезинформациите, шпекулациите и лажните вести поврзани со работата на Уставниот суд, кои во изминатиот период се зачестени – соопшти прес-службата на Уставниот суд. 

Преку „Дознај ФАКТИ“, наведуваат во соопштението, Судот ја зајакнува својата проактивна комуникација со јавноста, обезбедувајќи место каде што фактите ќе бидат достапни и лесно разбирливи.

Реклама

Најавуваат дека платформата ќе содржи точни и официјални информации, појаснувања на одлуки и постапки, разликување на фактите од шпекулациите, како и едноставни објаснувања за уставно-правни прашања.

Покрај актуелните содржини, платформата ќе објавува и податоци за Судот, организацијата и надлежностите, значајни одлуки од уставно-судската практика, како и интересни факти од историјатот на Уставниот суд и развојот на уставното судство. На овој начин, посочуваат од уставниот суд, „Дознај ФАКТИ“ ќе претставува и едукативен простор кој ќе придонесува за унапредување на јавната, правна култура и подобро разбирање на улогата на Судот во заштитата на уставноста, законитоста и човековите права и слободи.

-Со воспоставувањето на оваа платформа, Уставниот суд ја потврдува својата определба за навремена, точна и одговорна комуникација со јавноста, како и својата посветеност кон градење на доверба преку факти и официјални информации. Кога имаш дилеми – провери ги фактите! Точно. Јасно. Официјално. Дознај ФАКТИ од Уставен суд – порачува Уставниот суд. 

Повеќе информации се достапни на линкот: