Реклама

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Нула денари – граѓаните не дале ништо за прославата на 35-годишнината од независноста

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Економија

НОВА ЕРА НА ЕКОНОМСКА И БЕЗБЕДНОСНА СОРАБОТКА: Што носи договорот меѓу Македонија и Обединетото кралство?

Во мај 2025 година Македонија и Обединетото Кралство официјално потпишаа Стратешки билатерален…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во мај 2025 година Македонија и Обединетото Кралство официјално потпишаа Стратешки билатерален договор кој означува значаен чекор напред во односите меѓу двете земји. Договорот беше потпишан во Тирана, за време на Самитот на Лондонската процес иницијатива за Западен Балкан, а според изјавите од британската влада и македонските власти, овој договор претставува „нова основа за економска, инфраструктурна и безбедносна соработка со долгорочна визија“.

Капитални инвестиции и економски развој

Во сржта на договорот е планирана британска инвестиција од над 6 милијарди евра, распоредена во повеќе фази. Првиот инвестиционен пакет, тежок 2,2 милијарди евра, ќе се реализира во наредните пет години, со фокус на:

Реклама

Изградба на брза железничка линија Куманово–Гевгелија, со современа инфраструктура, која ќе го забрза товарниот и патничкиот сообраќај и ќе ја поврзе земјата со регионалните и европските коридори;

Подобрување на здравствениот систем, преку изградба и опремување на нови клинички и ургентни центри, како и обуки за здравствени работници;

Поттикнување на британски компании да инвестираат во енергетика, образование и дигитална инфраструктура во земјата.

Британскиот премиер Киер Стармер изјави дека „Овој договор е дел од нашата визија за една постабилна, просперитетна и европска иднина за Западен Балкан“.

Засилена безбедносна соработка и борба против криминал

Покрај економскиот аспект, договорот предвидува интензивирана соработка во областа на гранична контрола, размена на разузнавачки информации и борба против организираниот криминал.  Македонија се приклучува на Заедничката миграциска работна група со Обединетото Кралство и други европски партнери, со цел:

-Разбивање на мрежи на криумчари на луѓе;

-Следење на миграциските текови преку употреба на современи технологии, вклучително и британски дронови и сателитски надзор;

-Обука на граничната полиција и спроведување заеднички истраги.

-Британските власти нагласија дека Македонија е препознаена како стабилен и кредибилен партнер во регионот, со силен потенцијал за влијание врз безбедноста на Балканот.

Деманти на шпекулациите за миграциски центри

По објавувањето на договорот, во јавноста се појавија шпекулации за можни „кампови за мигранти“ на територија на Македонија, со цел Обединетото Кралство да префрлува мигранти од својот терен. Овие наводи беа цврсто демантирани и од британскиот амбасадор во земјата Метију Лосон, и од премиерот на Македонија, Христијан Мицкоски.

„Нема да се градат миграциски центри. Македонија не прифаќа мигранти од Велика Британија. Соработката е фокусирана на борба против шверц и организиран криминал“, изјави Мицкоски.

Геополитички импликации и евроатлантски аспирации

Овој договор доаѓа во време кога Обединетото Кралство се обидува да ја засили својата улога на Балканот, по Брегзит. За Македонија, пак, договорот се гледа како поддршка за нејзината евроатлантска агенда, особено во контекст на преговорите со ЕУ и членството во НАТО.

Договорот е позитивно оценет од голем број аналитичари и медиуми, како „пример за тоа како малите земји може да градат влијателни партнерства со глобални актери“.