Реклама

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Топлотните бранови носат сериозен товар за севкупното здравје

Вонредна состојба во Гостивар: Забранета вода за пиење, над 1.200 граѓани со стомачни тегоби

Странците одушевени од Македонија, раст на бројот на туристи во првите пет месеци од годинава

Владата ја продолжи кризната состојба до 21-ви октомври

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Трговците си ваделе маржи од ракав – Во понеделник повикани на состанок во Владата

Македонија

Нов момент во случајот за „27 април“: Нинџа се нудел да биде заштитен сведок

Александар Василевски Нинџа се нудел да биде заштитен сведок за настаните од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Александар Василевски Нинџа се нудел да биде заштитен сведок за настаните од 27 април во Собранието, но не успеал во својата намера, кажа неговата одбрана пред Апелација образложувајќи ја жалбата за осумгодишната казна затвор. Нинџа беше осуден под законскиот минимум од 10 години за кривичното дело терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста. Тој иако обвинет, во процесот пред Кривичнот суд често пати се однесуваше како сведок.

Покрај Нинџа, денеска пред Апелација својата жалба ја презентираше и одбраната на Митко Чавков, барајќи укинување на пресудата од 18 години затвор за својот клиент. Вели немало никакви докази, а како пример даде и три други судски процеси за истиот настан, каде се вршело исто дејство, а кривичните дела биле учество во толпа, насилство и обид за убиство.

-Јас очекувам од Апелација најмалку укинување на првостепената пресуда, со сериозни напатствија затоа што ваква пресуда каква што е не може да опстои. Толку суштествени повреди на ЗКП, така да тоа е неверојатно. Оваа пресуда е фингирина пресуда и затоа мислам дека не може како таква да опстои, изјави Дукоски.

Реклама

Жалбата ја презентираше и одбраната на поранешниот началник во МВР, Душко Лазаров. Пред судот во име на неговото семејство говореше и неговата ќерка. Тие ја оспоруваат оваа пресуда по сите основи. Велат многу прашања останале неодговорени. Според нејзините зборови, лицата кои требале да одговараат за ова кривично дело биле само сведоци во овој процес, споменувајќи го тогашниот министер, а сега заменик министер за внатрешни работи Агим Нухуи. Адвокатот на Лазаров, Звонко Давидовиќ пак вели никаде во пресудата нема – што е терористичко загрозување на уставниот поредок.

-Тврди дека имаме терорстичко загрозување и тероризам, но не даде појаснување како ја утврдил терористичката организација, која е терористичката организација, кои се членовите, по чиј претходен договор и на кој начин постапувале, изјави Давидовиќ.

Адвокатката на Митко Пешов пак зборуваше за суштествените повреди во текот на првостепениот кривичен процес, споменувајќи ги секојдневните маратонски рочишта, поради што не било возможно да се подготви добра и темелна одбрана.

-Сметаме дека направи процесна повреда со тоа што не дозволи јавноста да го слушне исказот на заштитениот сведок и сметаме дека направи повреда бидејќи не ја утврди фактичката состојба во поглед на Митко Пешов, изјави Павлина Зефиќ.

Пред почетокот на денешната јавна седница, Нинџа се пожали дека на влезот во судот добивал закани од ќерката на Чавков, Зорица Чавкова, што беше демантирано од страна на Дукоски, кој кажа дека таа воопшто денеска не ни дошла пред судот.

Матеја Петровски