Реклама

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Македонија

Нов апарат за магнетна резонанца и лапараскопски столбови промовиран на УК за хируршки болести „Св. Наум Охридски“

Нов апарат за магнетна резонанца од 1,5 Тесла, два лапораскопски столбови, инструментариум,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нов апарат за магнетна резонанца од 1,5 Тесла, два лапораскопски столбови, инструментариум, односно апаратура за користење во салите за трауматологија доби Универзитетската клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“. Вкупната вредност на опремата, која Клиниката ја доби со помош на Владата, е околу 90 милиони денари (1,5 милиони евра).

На промовирањето на новата опрема на Клиниката денеска присуствува премиерот Христијан Мицкоски, министерот за здравство Азир Алиу и директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски.

– Пресреќен сум што имам можност да презентирам дел од опремата која ја добивме со помош на Владата. Со овие нови генерации апарати за магнетна резонанца се скратува времетраењето на прегледите односно се зголемува бројот на прегледи кои може да се извршат во текот на еден ден, што значи дека ако во претходниот период со оној апарат кој сме го имале и бил стар 16 години и сме правеле 4.000 магнетни резонанци на годишно ниво, тоа подразбира дека очекуваме дека со новиот апарат да правиме најмалку 5.000, а тоа се зависи од бројот на смени во кои ќе се работи, изјави директорот на Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“, д-р Небојша Настов. 

Реклама

Посочи дека со овие нови генерации апарати за магнетна резонанца се скратува времетраењето на прегледите односно се зголемува бројот на прегледи кои може да се извршат во текот на еден ден, што значи дека ако во претходниот период со оној апарат кој го имале и бил стар 16 години и правеле 4.000 прегледи на магнетна резонанца на годишно ниво, очекуваат со новиот апарат да прават најмалку 5.000 прегледи на магнетна резонанца, а тоа се зависи од бројот на смени во кои ќе работат.