Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Прилози

Нормализиран сообраќај на граничните премини, превозниците чекаат договор со ЕУ, владата најавува решение и за квотите за челик

Дипломатската офанзива на македонската Влада кон Брисел дава резултати. По денови блокади…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дипломатската офанзива на македонската Влада кон Брисел дава резултати. По денови блокади на товарните премини, сообраќајот се нормализира, а премиерот Мицкоски најави дека државата е на чекор до изнаоѓање на трајно решение за проблемите на транспортерите. Заедно со вицепремиерот Николоски, изминатиот период правеа напори за изнаоѓање на решение за проблемот кој беше наследен од претходните влади, а преку средби со високи челници на Европската комисија и земјите од регионот бил направен заеднички притисок кон Европската унија.

„Овој проблем со транспортерите е еден  од многуте наследени од порано, важно е дека имавме дипломатска офанзива здружена со земјите од регионот важно е дека препознаен е проблемот, има неколку можни решенија и очекувам да се катализира решение со кое ќе се надмине овој  проблем, но тука не застануваат проблемите следно е квотите за челикот“, изјави премиерот на Македонија, Христијан Мицкоски.

Во меѓувреме, транспортерите очекуваат трајно решение и велат дека надежта ја полагаат во ресорните министерства и во состанокот со Европската комисија закажан за вторник, на 3 февруари. Домашните превозници информираат дека за време на блокадите биле заглавени стотици камиони, што предизвика застој во испораката на суровини, храна и индустриски производи.

Реклама

„Очекуваме од ЕУ во прво време да не се бројат деновите на нашите членови, а до април и трајно да се реши проблемот. Најавена е средба на министрите од сите држави кои учествуваа на протестот за вторник и од таа средба зависат многу работи“, изјави Билјана Муратовска, генерален секретар на „Макам транс“.

Македонија и Црна Гора веќе ги прекинаа блокадите на граничните премини, додека превозниците од Србија и Босна и Херцеговина најавуваат дека ќе продолжат со протестите сè додека не добијат конкретни гаранции од Брисел. Во меѓувреме, Европската комисија најави нова визна стратегија со пофлексибилни правила за прекуграничните работници, а професионалните возачи ќе бидат третирани како посебна категорија.