Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Македонија

Ниту еден од новозаболените не присуствувал на литијата во Струга, Манчевски експресно демантиран

Повеќе од две недели по одржувањето на Ѓурѓовденска литија,во Струга нема заразени…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Повеќе од две недели по одржувањето на Ѓурѓовденска литија,во Струга нема заразени од коронавирус и покрај изјавата на министерот Манчевски дека дел од новозаразените се токму од таму. Во охридскиот Центар за јавно здравје не е регистриран нити еден заболен кој бил дел од свечената процесија.

Во периодот од одржувањето на црковниот настан на 7-ми мај, до денес во Струга и струшко се регистрирани 4 заболени лица: две од селото Подгорци кај кои болеста се пренела од веќе заболено лице во кругот на семејството кој е фармацефт.Останатите две дијагностицирани лица се од градот Струга,тие букванлно не ги напуштале своите домови,бидејќи боледувале од други сериозни болести.Едниот бил асамтичар и тој почина од коронавирус на 18-ти мај, а другото е лице со хендикеп кое не може да се движи без придружба. Неблагодарно е да се каже каде овие изнемоштени лица се заразиле, но извесно е дека не биле дел од литијата, нити тие,нити членовите на нивните семејства кои сега се во карантин – вели Отец Васко Голабоски -Старешина на Свети Ѓорѓи Струга.

Од Центарот за јавно здравје информираат дека нити последните 4 новозаболени во Охрид дијаностицирани во период од 16-ти до 18-ти мај,не биле на литијата. Ситуацијата со коронавирусот, будно се следела и во Дебарско-кичевската епархија,имаме право да бидеме информирани, велат свештените лица кои податоците го добиле од прва рака.Не е време велат, да се шират лажни вести, заразата не бира по политичка или верска определба,затоа недозволиво е да шпекулираат поготово носителите на власта. Ова доаѓа како реакција на министерот за информатичко општество, Дамјан Манчевски кој вчера изјави дека дел од новозаболените потекнуваат од литијата во Струга.

Реклама

Зошто да се шират лажни вести кога се спротивни на она што се изјавува од надлежниот министер.Сите тие статистики и бројки воопшто не се софпаќаат со одредени изјави на одредени политички лица.Значи во Струга нема заболени поминаа толку денови во Струга нема заболени, има во Подгорци,едни лице Враништа и толку – вели Отец Васко Голабоски -Старешина на Свети Ѓорѓи Струга.

Отец Васко потрди дека тој како старешина на црквата Свети Ѓорѓи и уште неколкумина друго, биле повикани на информативен разговор во полиција.
-Немам замерка на полицијата и обвинителството,прописите и начелата кои важат во вонредни услови како овие, мора да се почитуваат,но според мене во оваа ситуација неможе да се одреди виновник.Тврдам дека процесијата беше добро организирана и контролирана од страна и ан полицијата, бидејќи на литијата на која вообичлаено има и по 10.000 луѓе, годинава имапе околу 300, тоа впрочем и стои и во извештајот од полицијата-вели отец Васко.

Росица Голабоска