Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Македонија

Николоски за проблемот на транспортерите: Можеме да одржуваме одлични конференции, но ако останеме затворени, беспредметен е секој разговор

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска уште еднаш порача дека…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска уште еднаш порача дека не е доволно само да се одржуваат конференции и дебати ако не се најде конкретно решение за проблемот со превозниците.

Учествувајќи на панел во рамките на швајцарско-македонскиот бизнис-форум што го организира „Свис чем“, Николоски во однос на билатералните договори како решение за транспортерите ја посочи Швајцарија и изрази надеж дека нејзиниот пример ќе го следат и другите земји членки на шенген-зоната.

– Ние можеме да имаме одлични конференции, да си муабетиме, но ако потоа останеме затворени, беспредметен е секој разговор – оцени Николоски.

Реклама

Според него, голем број од домашните превозници се соочуваат со сериозни проблеми бидејќи во шенген-зоната се водат како туристи и не може да имаат престој повеќе од 90 во рамките на 180 дена.

– Ние се обидувавме да најдеме заедничко решение како земја од Западен Балкан заедно со шенген-зоната, но, за жал, нема финално решение од страна на ЕУ. Би рекол дека изостанува организиран пристап. Успеавме да направиме две работи, првата е во новата визна стратегија на шенген-зоната возачите да бидат препознаени како професионалци, да ги тргнеме од делот на туристите, и втората се билатералните договори со земјите од шенген-зоната – начин со кој се решава проблемот со билатерални визи, кои би биле долгорочни работни визи. Швајцарија тука беше прва, за што се заблагодарувам. Почна да издава вакви работни визи за возачите и се надевам дека тоа ќе биде пример што ќе го следат и другите земји членки на шенген-зоната – истакна Николоски.

Вицепремиерот во овој контекст се осврна и на конкурентноста.

– Да не зборувам во делот на конкурентноста колку е поевтино стоката што се произведува тука да биде извезена до крајната дестинација од домашен превозник, а колку е поскапо странски превозник да дојде, да ја земе, па да ја однесе таму каде што треба. Ова е навистина голем, голем предизвик за ние да зборуваме за проширување на граничните премини – потенцира Николоски.