Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Македонија

Николоски за Филипче: Нечесно и неетички е човечки судбини да се злоупотребуваат за изборна кампања

-За избора кампања злоупотребува човечки судбини и здравјето на граѓаните, кои некогаш…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

-За избора кампања злоупотребува човечки судбини и здравјето на граѓаните, кои некогаш му биле пациенти, со тоа што им оди во посета на нивните домови и потоа слики постира на социјалната мрежа Фејсбук, коментира потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на четвртата изборна единица, Александар Николоски, во врска со дејствувањето во предизборниот период на неговиот противкандидат во истата изборна единица, Венко Филипче. Во синоќешното гостување на емисијата „360 степени“ Николоски истакна дека лекарите не им вршат услуга на граѓаните кога ги лекуваат, тие пред се лекуваат со Хипократова заклетва и заради тоа лекувањето не треба да се пренесе на во политиката злоупотребувајќи ги за изборна кампања.

„Нечесно е да се злоупотребуваат човечки судбини и пациенти. Гледам оди по семејства кои што имаат болни или имале болни, се слика со нив и го објавува тоа на Фејсбук. Извинете, ама тоа е дно. Нема друг израз, затоа што докторите лечат со Хипократова заклетва да ги лекуваат оние на кои што им е најпотребно, не им вршат услуга. Затоа што во Македонија се создава впечаток дека кога доктор лекува некого, му прави услуга и сега тоа треба да се пренесе во политиката. „Не треба да се злоупотребуваат човечки судбини за политичка кампања“, рече Николоски.

Реклама

Тој посочи дека неговиот против кандидат во четвртата изборна единица, посуштинско е да одговори на прашањата што тој континуирано му ги поставува овие две недели, а се поврзани со неколку скандали за периодот на неговото министерување со здравството.

-Имајќи предвид дека решил да се врати во политиката, граѓаните очекуваат одговори, зошто Македонија имаше највисока смртност во корона кризата од сите земји во регионот, што се случи со стерилизацијата која што отиде како јавно приватно партнерство на една албанска фирма, каква е неговата улога во обидот за препродажба на една приватна болница, тука во Скопје, на еден албански бизнисмен? Или, на пример, каква е неговата улога во набавката на вакцини од компанијата Страбри која што е регистрирана за трговија со јужно овошје во Хонконг или, на пример, каква е неговата улога во модуларната болница Тетово во која 14 луѓе го изгубија животот, вели Николоски.

Тој додава дека ова се легитимни прашања на кои што очекува одговор, како што е и добро да одговори која е неговата поврзаност со семејството Пановски, кое што е главен актер во случајот „Онкологија“, кој што ја тресе македонската јавност?