Реклама

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Тешко до нов изборен законик: Македонија си има работа со незрели и неодговорни политичари од опозицијата

Мерки за нелогичните поскапувања – Владата анализира

Аналитичарите децидни: Бојкотот на опозицијата ја кочи реформската агенда на Владата

5,4 милиони евра за 1400 нови вработувања

Мицкоски: Од понеделник се намалуваат акцизите за горивата, се бараат начини да поевтини струјата

Државата плаќала, Мирчевски приватно летал и се возел – обвинение за екс-директорот на СОЗР

ИЈЗ отвори психолошко советувалиште за деца и адолесценти, но и за родители и наставници

Штип го добива првиот центар за рехабилитација за деца и младинци со попреченост

Тричлено меѓународно жири ќе ги избере лауреатите на фестивалот „Преку езерото“

Клековски со амбициозен план: Целосна трансформација на македонското здравство

Конфликтот меѓу САД и Иран во Ормускиот Теснец ескалира, цените на нафтата континуирано растат

Македонија

Николоски во Брисел: Името го сменивме двапати, Уставот седум, што е следно?

Регионот и Македонија со децении се борат за европски вредности – време…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Регионот и Македонија со децении се борат за европски вредности – време е ЕУ фер и чесно да каже дали не сака во членство – ова е главната порака од заменик претседателот на Владата, Александар Николоски од Брисел. Вицепремиерот нагласува дека Македонија направила голема жртва за пристапниот процес, но и историски компромиси – промена на името, уставни измени и промена на знамето – но и покрај тоа, како што кажа, од ЕУ не доаѓа одговор дали ова е последното барање или само уште една станица во бескрајниот процес.

“Во однос на ЕУ, да се согласувам, проширувањето е политичко, ниедно проширување на ЕУ не било неполитичко, почнувајќи од Грција и Португалија, во претходниот век, па големото проширување на почетокот на овој век, па се’ до Романија и Бугарија – се’ било политички. Јасно е дека за овој регион недостига политичка волја. За различни земји причините се различни, но очигледно има недостиг на политичка волја. Сметам дека е фер да им се каже на луѓето од регионот – ова може, ова не може. И ајде да ги правиме работите што може да се направат. Ако може да направиме 10 од 20 работи, тогаш да ги испорачаме, бидејќи вака сме заглавени во ситуација на чекање” вели вицепремиерот Александар Николоски.

Ваквите пораки, Николоски ги испрати на Самитот во Брисел „Пријатели на Европа“, во присуство на високи функционери од ЕУ, но и од земјите во регионот.  Покрај политичките пораки, Николоски истакна дека Македонија и економски се развива потенцирајќи ги и владините планови за крупните регионални проекти, кои треба да не позиционираат како транспортен центар на Балканот.

Реклама

“Ние сме земја без излез на море, но имаме два европски коридори кои минуваат низ земјата, коридор 10 од Переа, во Атина, до Финска и коридор 8 од Јадранско до Црно Море. Инвестираме многу пари да изградиме автопати, железница и тоа е нешто што може да ја смени и обликува економската иднина на земјата и нешто што треба да го гледаме како иднина на регионот” изјави Николоски.

Поранешниот еврокомесар за проширување, Стефан Фуле вели дека процесот на пристапување кон ЕУ не е лесен. Тој потсетува дека и Чешка поминала низ слични предизвици како и Македонија.

“Германија јасно ни стави до знаење дека нема да дозволи земја со „проблематични дипломи“ да стане членка на ЕУ. Австријците, пак, многу јасно ни рекоа дека нема да нè пуштат да се приклучиме додека не постои целосна јасност околу нашите планови за нуклеарната електрана.Што мислите дека направивме? Дали се жалевме? Да, можеби во првите часови и денови беше тешко и „нефер“, но потоа сфативме дека мораме да се соочиме со тоа – да го адресираме, да поминеме низ процесот, да се справиме со сенките од минатото и од сегашноста. И го направивме тоа.” изјави Фуле.

Николоски посочи дека примерите на решавање билатерални спорови меѓу други земји-членки, како Словенија и Хрватска, не се применети за Северна Македонија, и повтори дека потребен е фер и јасен пристап на Европската Унија кон регионот. На самитот во Брисел се разговараше за актуелните геополитички, безбедносни и економски прашања во Европа. Истовремено на форумот учествуваат и бројни европски институции и финансиски‑економски лидери.