Реклама
Прилози

Николоски: вложуваме во инфраструктура што ќе ги минимизира ризиците на патиштата, новата е безбедна и модерна

Брзото возење, непочитувањето на правилата и игнорирањето на пешачките премини мора да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Брзото возење, непочитувањето на правилата и игнорирањето на пешачките премини мора да станат исклучок, а не секојдневие. Вицеремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, најави директна соработка и поддршка за сејф сити, преку локални стратегии и акциски планови што ќе придонесат за оваа цел.

„Патната инфраструктура кој што ја креираме мора да биде безбедна по дизајн и проект, но истото треба и да се случува и во реалноста. Тоа значи инфраструктура што ќе минимизира ризиците и нуди услови за безбедно движење на сите, од пешаци, велосипедисти, моторни возила, лица со попреченост. Ја унапредуваме националната регулатива за безбедни патишта преку измени на законски решенија. Креирање на урбанистички планови со безбедна инфраструктура. Поддржуваме и соработуваме целосно со општините за развој на локални проекти во дел на модернизација, дали е во делот на раскрсници, воведување на мерки за смирување на сообраќајот, изградба на тротоари ивелосипедски патеки.“– изјави Вицепремиерот и министерот за транспорт Александар Николовски.

Градоначалникот на град Скопје ја поздрави мерката „Безбеден град“ и ја истакна важноста на системските решенија, модерната инфраструктура и координираниот пристап за создавање побезбедна метропола.

Реклама

„Во насока на зголемување на безбедноста и растеретување на сообраќајниот хаос, градот Скопје ќе има клучна улога. Проектите од мојата програма се токму во таа насока: кружниот тек и подземната сообраќајница кај Лимак, двата кружни тека кај „Тобако 2“, новото решение во Бутел кое ќе ја подобри проодноста и безбедноста кон Радишани и Чучер Сандево, модерното сообраќајно решение со кружен тек во центарот на Ѓорче Петров, како и новата клучка на источниот влез на градот кај Хиподром. Ова се дел од нашата визија „Нула несреќи“ со која до 2030 година ќе реконструираме и унапредиме 50 опасни крстосници и улици по европски стандарди, за Скопје да стане град каде секој учесник во сообраќајот се движи сигурно и без страв. “– изјави градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

Зајакнување на институционалните капацитети, како и проектирање и изградба на патна инфраструктура се едни од конкретните системски решенија за да може да имаме системски функционален безбеден град.

„Процесот на едукација на учесниците во сообраќајот мора да започне од најрана возраст. Да продолжи низ формалниот образовен систем, преку обуки во автошколите на кандидатите за возачи како и при спроведување на превентивно едукативни кампањи и поуки од страна на надлежните институции. Зајакнати контроли и надзори од страна на институциите задолжени за спроведување на законските прописи.“– изјави Горан Ангеловски од РСБСП.

Во Скопје сообраќајот е секојдневен предизвик. Безбедноста е заедничка одговорност на сите учесници и институции.