Реклама

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Македонија

Николоски: Вложуваме напори за изградба и модернизација на паневропските коридори 8 и 10

Вложуваме силни напори за изградба и модернизација на двата европски коридори што…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вложуваме силни напори за изградба и модернизација на двата европски коридори што минуваат низ земјата, преку железничкото поврзување со Бугарија, изградбата на брза пруга на Коридорот 10 и градење на автопатски делници на Коридорот 8, изјави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на Министерскиот совет на Транспортната заедница, што денеска се одржува во Брисел.

– Имаме среќа што два паневропски коридори, 8 и 10, минуваат низ земјата и решивме како Владата да вложиме напори за напредок на двата коридори. Тоа е нешто на што работиме заедно со нашите пријатели и партнери, рече Николоски.

Тој потсети дека минатиот месец беше потпишан договор со Бугарија за директно железничко поврзување меѓу главните градови Скопје и Софија преку Коридорот 8.

Реклама

– Тоа е големо достигнување за двете земји. Нешто што целосно ќе ја промени реалноста во регионот и сега работиме за да го спроведеме. Од наша страна, железницата е поделена на три делници. Едната е во функција од јануари годинава, втората се надевам ќе ја завршиме следнава година, а за третата работиме со нашите партнери од ЕИБ за да го објавиме тендерот не подоцна од јануари и очекувам напредок и таму и така ќе дојдеме до спојување со Бугарија преку тунел, истакна Николоски.

Кога станува збор пак за Коридорот 10, Николоски нагласи дека во делот на железницата земјава реши да изгради брза железница со брзина на движење до 200 километри на час за патничките возови и 120 километри на час за товарните возови, за што од Велика Британија е обезбедено поволно финансирање и веќе се спроведува подготвителната работа.

– Ако се биде добро, очекувам првите машини да бидат на терен не подоцна од јуни 2026 и да завршиме за период од пет години. Тоа ќе биде голем поттик за економијата во регионот и за поврзувањето, додаде вицепремиерот.

Николоски информира и дека во тек е процедурата и за автопатите на Коридорот 10, за што се работи со Светската банка, а се работи и на автопатските решенија на Коридорот 8.

– На Коридорот 8 ја отворивме источната делница меѓу Куманово и Крива Паланка во јануари. Работиме на западната делница и би сакал да ве поканам сите да видите што работиме, истакна вицепремиерот Николоски.

На Министерскиот совет, кој се одржува во организација на Секретаријатот на Транспортната заедница, се разговара за напредокот на земјите од Западниот Балкан во делот на транспортната политика и реализација на инфраструктурните проекти.

На состанокот, со кој претседава еврокомесарот за одржлив транспорт и туризам Апостолис Ѕиѕикостас, покрај Николоски учествуваат и министри за транспорт и владини претставници од повеќе европски земји, меѓу кои и од Албанија, Бугарија, Ирска, Кипар, Косово, Романија, Словенија, Србија и Црна Гора.

Со учеството на Министерскиот совет, Николоски ја завршува работната посета на Брисел, во чии рамки вчера се обрати на панелот „Прашања на проширување: Новата геополитичка, безбедносна и економска граница на Европа“ во рамки на „Самитот ЕУ-Западен Балкан“, што го организираше тинк тенкот „Пријатели на Европа“, а имаше и повеќе билатерални средби со свои колеги и претставници на ЕУ и на Транспортната заедница.