Реклама

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Македонија

Николоски: Се работи на целосно автопатско поврзување на Битола-Скопје

На денешниот Саем-Отчет по повод „4 години работа за тебе“ се обрати…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На денешниот Саем-Отчет по повод „4 години работа за тебе“ се обрати министерот за транспорт Александар Николоски, кој истакна дека во соработка со Јавното претпријатие за државни патишта се работи на целосно автопатско поврзување на Битола со Скопје.

Посочи дека тоа би било готово во периодот 2028-2029 година со што, истакна тој, позитивно ќе влијание на бизнис климата во Битола.

-Во моментов работиме заедно со директорот на јавното претпријатие за државни патишта еден огромен проект, целосно автопатско поврзување на Битола со Скопје и секако со Грција. Тоа ќе значи дека некаде 2028-2029 година ќе има целокупно или автопатско решение или експресен пат од Скопје до Битола на еден супер модерен, брз но во исто време и безбеден начин, ќе се патува за едни пријатни час и 30 минути, што целосно ќе ја смени и бизнис климата во Битола но и начинот на функционирање што тоа ќе значи и за целиот регион, рече Николоски.

Реклама

Николоски исто така рече дека во Штип се работи на урбанизација во делот на бања Кежовица како и изградба на вештачко езеро со цел подобрување на туризмот во Штип.

-Во однос на Штип, многу работиме во делот на туризмот 2 големи проекти заедно со градоначалникот работиме на урбанизација во делот на бањата Кежовица, и се она што може да е таму како потенцијал и секако изградбата на првото вештачко туристичко езеро коешто се работи над Штип, коешто исто така го работиме, објасни Николоски.