Реклама

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Меѓународна потерница и 30-дневен притвор: Доколку Ива Михаилова стапне во Македонија, веднаш оди зад решетки

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Македонија

Николоски од Дојран: Ја спречивме овдешната урбана мафија, сега е време да се случат и промените

На денешниот народен митинг на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во Дојран се обрати…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На денешниот народен митинг на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во Дојран се обрати вицепремиерот и потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски кој порача дека е време и тука да се случат промени на локално ниво.

-После промените што минатата година се случија во Дојран мислам дека е време да се случат и на локално ниво. Покрај промените што се случија минатата година на централно ниво и веќе имаме Влада предводена од премиерот Христијан Мицкоски, која што една година и три месеци ниже резултати и реформи, економски препород на Македонија, време е промените да се случат и на локално ниво. Гледате дека на локално ново се обидуваат во последен момент да се спасат, менуваат кандидати, досега имаат еден градоначалник па сега имаат друг кандидат. Но, мислам дека тоа на ниеден начин нема да ги спаси, рече Николоски.

Тој порача дека детално треба да се истражи што работеше досегашниот градоначалник.

Реклама

-Една голема можност што беше во услуга на урбаната мафија на луѓе кои што буквално го уништуваа ова прекрасно место веќе не постои. Имено, замислете сите овие населени места кои што гравитираат кон езерото, не ги водеа како населени места, туку сето она што го гледате викендици, станови кои што се продаваат кои што се изградени ги водеа „вон населено место“. Согласно една дупка која што беше останата во правилниците доколку се води „вон населено место“ урбанизацијата оди многу брзо, не е потребно дозвола да даваат ниту Министерството за танспорт нити да се било кои институции консултираат. И на тој начин ова дивеење кое што можете да го видите се случи, дивеење кое што донесе вода буквално да нема во најголем дел од годината, а живеете сите вие покрај вода, рече Николоски.

Тој се заблагодари на премиерот Христијан Мицкоски за решавањето на долгодишниот проблем со нефункцонирањето на Хидросистемот „Ѓавато“ од кој се полни се вода Дојранското Езеро и речедека најбитно е да се спаси и заштити Езерото.