Министерот за транспорт, Александар Николоски денеска од Карпош најави низа проекти за во оваа скопска општина.
– Сакам да најавам дека дополнително на ова имаме уште еден проект кој што оди преку светската банка во вредност од над 13 милиони денари, тоа е улицата „Петар Чаулев“, целосна реконструкција околу 600 метри, што дополнително ќе придонесе за урбаниот развој на општината, а на тоа се уште 12-тина проекти кои што одат преку вториот повик на владата, а се многу значајни проекти за општина Карпош, истакна Николоски.
