Реклама

Почнува трката за сместување во студентските домови – слободни 3500 места

Алфа неофицијално дознава: Фекалии во водата која ја пиеле гостиварци, од ИЈЗ не потврдуваат поради Обвинителството

ИЈЗ ги заврши анализите, резултатите сега се кај обвинителите: Фекалии пронајдени во водата во Гостивар?!

Продолжена кризната состојба за нафтените деривати до 20-ти октомври

Владата ќе ги намали акцизите на горивата

Мицкоски бара одговорност за Гостивар

Уапсени директорката и менаџментот на гостиварски „Комуналец“

Прогласена епидемија во Гостивар

Сина економија – нова шанса за македонскиот бизнис

Магијата на Свети Наум: Место каде што се спојуваат езерскиот мир, природата и вековната традиција

Двајца американски војници загинаа во ирански напад во Јордан, Иран се повлече од договорот со САД

Жител од прилепското село Голем Радобил моли за помош за да го реновира својот опожарен дом

Македонија

Николоски: Македонија беше рекордер по смртност во корона кризата заради лошите политики во здравството на СДСМ

Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на Изборна единица 4 во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на Изборна единица 4 во рамки на денешните митинзи во струмичкиот крај имаше свои обраќања во рамки на изборната кампања чиј слоган е ,,Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина“, за претстојните локални избори закажани на 19 октомври годинава. Николоски зборуваше здравството во земјава, поконкретно како сегашниот лидер на СДСМ, Венко Филипче, комплетно го уништи здравството за време на неговиот мандат како министер за здравство како дел од претходната власт на СДСМ и ДУИ.

,,Целосно го уништија здравството, здравство кое што беше целосно во колапс и на колена. Ја злоупотребија најголемата криза, корона кризата. Кога луѓе умираа секој ден за да вршат набавка на вакцини по три пати поскапи цени преку компанија за јужно овошје, наречена Стабри од Хонг Конг. Купуваа заштитна опрема по 10 пати повисока цена од она што беше реално. И последни, последни во цел регион обезбедија заштита на народот, мораше да чекаме донации од соседни држави за да почне народот да се спасува“, вели Николоски.

Николоски потсети и на случајот Онкологија, веледрогеријата Пановски, инаку позната по тендерите за Онкологија, и случајот со хематологија, за кој обвинителството не презема никаква мерка.

Реклама

,,Тоа е истиот Венко Филипче, на кој што му се случи Онкологија. Но и таму, види чудо, има судски спор за лекарски грешки, ама нема судски спор или барем истрага на обвинителството за начинот на кој што веледрогерија Пановски, на пример, ги добиваше тендерите во истата таа Онкологија. А за хематологија воопшто не сакаат ни да чепнат“, рече Николоски.

Тој го посочи и случајот со модуларната болница во Тетово, а и потсети дека Македонија беше рекордер по смртност за време на ковид кризата, под покровителство на Венко Филипче.

,,Да не зборуваме за она што го направија со модуларната болница во Тетово и 14 изгубени човечки животи. Да се потсетиме дека Македонија беше рекордер по смртност во 2020,2021 и 2022 година, затоа што освен реклама ништо друго не направија за да го заштитат народот од корона кризата“, заклучи Николоски.