Реклама

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Македонија

Николоски: Изградбата на обиколницата на Крива Паланка е последниот дел со поврзување со Бугарија

Патната инфраструктура во Македонија доживува експанзија, со сериозни активности на клучните проекти,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Патната инфраструктура во Македонија доживува експанзија, со сериозни активности на клучните проекти, вели вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

Тој информира дека утрово почна изградбатата на обиколницата на Крива Паланка, која ќе овозможи целосно поврзување со Бугарија, додека се реконструира и граничниот премин Деве Баир.

Владата работи и на делницата Романовце – Страцин, со поддршка на ЕУ. На коридорот 8 следна за реконструкцијата е скопската обиколница, а на запад веќе се гради целосно новата делница Тетово – Гостивар – Букојчани. Трасата Кичево – Охрид веќе е делумно завршена, а комплетирање се очекува до крајот на следната година.

Реклама

Паралелено се работи и на Коридорот 10-Д. Автопатот од Битола до Прилеп се гради, за делот од Прилеп до Фариш се планира експресен пат сличен на тој од Фариш до Градско кој неодамна беше пуштен во употреба.

Според Николоски во моментов привршува процесот на избор на изведувач за автопатот Скопје – Блаце, кој ќе обезбеди директна и брза врска со Косово.

Оваа инфраструктурна експанзија, како што нагласи Николовски, не е изолиран проект, туку дел од поширока владина стратегија за економски раст, нови работни места и подобра поврзаност со регионот. Со патишта, пруги и авиолинии што се градат и обновуваат, Македонија полека, но сигурно се претвора во транспортно и туристичко средиште на Балканот.

На прва, кога ќе гледате државата од страна или кога ќе ја гледате на мапа, можеби и не изгледа така, ако имате предвид дека државата нема излез на море, што се уште е прва асоцијација за туризам или нема врвови кои што се над 3000 метри, па е некоја асоцијација за долготраени ски сезони, но кога малце по-долго ќе влезете во приказната на државата, гледате дека потенцијалот е огромен и не е ни 10% искористено од тоа што може да биде искористено, вели Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт.

Николовски посочи дека Владата вложува во сите аспекти на туризмот — од развој на археолошки локалитети и културно наследство, до вински и рурален туризам.

Ќе ви кажам неколку бројки кои што мислам дека се јасна индикација за ова што го зборувам. Прво, од изборот на владата до денес, имаме 21 нова директна дестинација до Македонија. На тоа има дополнителни 17 чартер дестинации кои што скоро и редовно да летат, односно дел летат во зимскиот, дел летат во летниот период, вели Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт.

Николовски најави и дека брзата пруга Белград – Скопје – Солун, која веќе се подготвува, ќе овозможи поврзување на регионалните метрополи за само неколку часа – проект што ќе има силно влијание врз туризмот и економијата.