Реклама

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Македонија

Николоски: Арсовска целосно потфрли, ќе понудиме квалитетен кандидат за Скопје

Вицепремиерот и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во своето последно интервју се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вицепремиерот и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во своето последно интервју се осврна на претстојните локални избори, истакнувајќи дека градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, целосно потфрлила во своето извршување на обврските.

Николоски посочи дека во моментов, во рамки на партијата се оформува сериозен круг на потенцијални кандидати за Скопје, од кои дел веќе јавно ја изразиле својата амбиција. Николоски информираше дека во втората половина од летото ќе се искристализира кандидатот за Град Скопје, а согласно најавите од премиерот и претседателот на партијата, до крајот на овој и почетокот на следниот месец ќе бидат утврдени и кандидатите за другите општини.

Во реализацијата на мандатот, актуелната градоначалничка на Скопје потфрли, тоа е факт и скоро и да нема задоволни луѓе од нејзината работа. Луѓето прават јасна дистинкција и се виде и по минатогодишните изводи дека не ги поврзуваат градоначалничката на Скопје и ВМРО-ДПМНЕ. Сега имаме еден сериозен пул на кандидати во рамки на политичката партија, дел од нив јавно прокламираат дека се заинтересирани и очекувам втората половина на летото да искристализираме кандидати за градот Скопје. Претходно кажа и премиерот кој што е и претседател на партијата, крај на мај и почеток на јуни очекуваме да кристализираме кандидати за другите општини, рече Николоски.

Реклама

Николоски изјави дека партијата се уште нема конечна одлука, но има голем број општини каде градоначалниците покажаа одлични перформанси. Тој нагласи дека се гледа голема разлика во развојот на овие општини во однос на претходно, додавајќи дека Владата им помага, но треба да има иницијатива од градоначалникот.

Одлуки партијата се уште нема донесено, но можам да кажам дека во неколку големи општини каде што градоначалниците имаат одлични перформанси дека е јасно дека ќе им дадеме шанса да трчаат за втор мандат. Затоа што има сериозен развој во тие општини и многу голема разлика се гледа од претходно до сега“, заклучи Николоски.