Реклама

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Македонија

Нервозниот Пендаровски наспроти темелната Силјановска – каква беше претседателската кампања?

Два дена пред вториот круг, последен ден од кампањата за избор на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Два дена пред вториот круг, последен ден од кампањата за избор на претседател на државата. Кандидатката Гордана Силјановска Давкова гордо до победа, Пендаровски храбро и “надежно” се обидува да ја задржи претседателската фотеља. Во вториот круг кандидатката поддржана од ВМРО-ДПМНЕ влезе со двојна предност, која се поизвесно е дека Пенадровски нема да успее да ја намали. Сублиматот од пораките на последниот ден од кампањата ги покажува различните планови и визии на кандидатите, каква земја треба да биде Македонија. Пендаровски од секој митинг повторуваше дека Македонија ја гледа единствено во ЕУ, бидејќи немало друга алтернатива за земјава.Силјановска пак, која има амбиции да ја врати гордоста на државата, порачува дека Македонија треба да стане дел од ЕУ ама без да биде понижена. Со дијаметрално спротивна реторика двајцата претседателски кандидати беа и во соочувањата пред јавноста. Во двете дебати Пендаровски се служеше со недолични напади и упади во зборот на Силјановска, удари под појасот, како и нервозно однесување.

Според јавноста однесувањето на Пендаровски на дебатите е далеку од тоа како треба да разговараат двајца професори.

И во првиот дел од претседателската капмања, Пендаровски директно ја напаѓаше својата противкандидатката Гордана Силјановска-Давкова. Но не удираште по нејзината програма, туку на лична основа.

Реклама

Неговата кандидатка не си ја знае земјата, да не ве враќам на сцени од пред пет години, сакам да бидам коректен во тој дел. Кога нејзиниот партиски лидер мене ме обвинува дека не си ја знам државата, јас му велам нека набави џи-пи-ес за неговата кандидатка“ рече Пендаровски.

Аналитичарите сметаат дека на Македонија и е потребна жена претседател. Според нив, пораките на кандидатката Гордана Силјановска Давкова за национално единство и сплотеност се искрени.Додека пак за Пендаровски,упатија низа критики околу неговото нервозно настапување на митинзите, особено во капањата за вториот круг.Според дел од експертите, Педаровски ниту до сега како претседател не нудел опции и планови, туку само политички оговарања и менување на ставови.