Реклама

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Македонија

🎥 Не поминаа предлог измените на Изборниот законик

Не поминаа предлог измените на Изборниот законик со кои требаше да се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Не поминаа предлог измените на Изборниот законик со кои требаше да се интервенира во прагот на потребните потписи за независните листи. Владејачкото мнозинство прво предложи прагот да биде 0,95%, а преку амандмани на опозициската Левица на Комисиската расправа тој праг се намали на 0,5%. Сепак, на пленарната седница, и покрај тоа што гласаа мнозинство од пратениците, го немаше потребното бадентерово мнозинство.

Пред гласањето, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски рече дека ова е обид за појасни фер и трансарентни изборни правила за овие избори.. Европскиот фронт пак порача дека нема да ги поддржи измените.

Со ова решение се обидуваме да ја пополниме оваа правна празнина по одлуката на Уставниот суд за укинување на членови од Изборниот законик каде што е предвиден број/процент на потписи за предлагање листи на група избирачи, за да се воведат одредени јасни правила за собирање потписи за кандидатури за градоначлници и советици од страна група избирачи за да бидат фер и еднакви условите во секоја општина поддеднакво. Нагласувам и најавувам дека ова е времено решение за овие избори и оти работата на конечниот Изборен законик ќе биде со вклучување на Министерството за правда, сите релевантни политички структури, политички партии, невладини организации и експерти за носење на долгорочно и одржливо речение, рече Мицевски образложувајќи го предложеното законско решение.

Реклама

По гласањето Мицевски реагираше дека на ДУИ не им е грижа за неазвисните кандидати и дека тераат политика во која тие се жртвите. Вели дека мнзинството покажало дека не им е важен процентот, туку процесот.

Сега на потег е ДИК да донесе нов правилник. Претходно највисокото изборно тело на седница во саботата усвои заклучок вон сила да се стави Упатството на ДИК од 2024 за регулирање на постапката за собирање потписи и начинот на определување на нотарите согласно Изборниот законик. Како што рече претседателот на ДИК Борис Кондарко, тоа упатство за регулирање на постапката за собирање потписи се става вон сила поради одлуката на Уставниот суд со која се укинати членови 61 и 62 од Изборниот законик каде што е предвиден број/процент на потписи за предлагање листи на група избирачи.