Реклама

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Македонија

🎥 Народниот правобранител и Судскиот совет истражуваат зошто се одолговлекува судењето за родилката од Дебар

Народниот правобранител и Републичкиот судски совет ја чешлаат работата на струшкиот основен…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Народниот правобранител и Републичкиот судски совет ја чешлаат работата на струшкиот основен суд за маратоскиот судски процес поврзан со случајот Веапоска. Се разгледуваат причините за бесконечното одложување на рочиштата и одолговлекување на судскиот процес кој налегува во четврата година откака почна,а постои опасност да застари.Од април 2024-та до сега е одржано само едно рочиште,бидејќи скоро една година се чекаше супервештачење од судско медицински одбор при Медицинскиот факултет,а во меѓувреме на два пати се менуваа судиите и обвинителите,а судскиот процес почнуваше од ново.

 Ова судење влијае врз моето психичко здравје, значи 4 години да нема одлука,ова не е нормално.Ова го има само во нашата држава и нигде на друго место.Сите треба да бидеме заедно,да бидеме силни и да придонесеме судството што побргу да ги расчисти овие дела,не да чека 4,5 години па да го застарат делото-вели родилката Јилдиз Веапоска

Претставката која ја поднесовме до надлежните институции е резултат на гневот и огорченоста на родилката која остана без бубрег, матка и јајник.Струшкиот основен суд мора брзо да донесе пресуда по која исто така експресни би се произнесле и судиите од битолска апелација, самотака може да се исправи оваа неправда која трае веќе 4 години,вели адвокатот Јанев.

Реклама

 Ова не е само удар на правосудството, ова е удар на потребата на луѓето да знаат дека во Република Македонија постои судски систем кој дели правда.Едоставно ова треба да биде почеток на нешто што се вика владеење на правото, како инаку да продоложиме напред да се движиме кон еве сите во уста што ги носат-европските правила на игра,а да не делиме правда,односно судиите да не делат правда.Ако овој случај не биде почеток за владеење на правото во Република Македонија,ние никогаш нема да имаме правда во оваа земја”-вели Сашо Јанев,адвокат на Веапоска

Скандалот со родилката се случи на 31 август 2020-та година. Екс директорот на струшката болница Мухамед Асани,неговите син Блертон Асани и доктор Лилјана Јованоска се теретат за тешки дела против здравјето на луѓето.Следното рочиште е закажано за 9 септември.