Реклама

Форум на „Унитаб“ во Прилеп – македонскиот модел пример дека производството на тутун има светла иднина

Петмина кандидати во трка за наследник на Абази: Околу 160 обвинители утре го избираат новиот шеф на Организиран криминал

Европски услови во „Стив Наумов“, освен редовното одржување потребна е и поголема грижа од студентите

Србија по Александар Вучиќ: Прослава и насилство на победниците, шпекулации за нов премиер, стигнаа и првите барања од Хрватска и Словенија

Ќерка ја пронашла починатата своја 79-годишна мајка во Ѓорче Петров: Втор случај за пет дена

Извозот е приоритет за раст на економијата – се бараат решенија за превозниците во Шенген-зоната

Седрак за изборите во Бугарија: Бугарскиот претседател ќе биде без летимитет, како дома, така и во Брисел

Седрак за изборите во Србија: Се менува политичката култура, многумина студентското движење го сметаат како Шарената револуција

Нови серии, нови технологии-ново лице на ТВ Алфа

Јотова води, Радев загуби: Бугарите со катастрофална излезност го одземаат легитиметот на премиерот и Владата

Божиновска: Не може различната визија за енергетиката да се прогласи за кршење на Уставот

ЕУ по изборниот пораз на Вучиќ: „Вратите се отворени, подготвени сме да и помогнеме на Србија“

Македонија

Народната банка ги одбележува Светскиот ден на штедењето и Деновите на финансиската писменост

Со цел да се зајакне финансиската едукација, да се поттикне финансиската вклученост…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со цел да се зајакне финансиската едукација, да се поттикне финансиската вклученост и да се зголемат свесноста и заштитата на потрошувачите при користењето финансиски производи и услуги во современите услови на дигитализација, од 28 октомври до 5 ноември ќе се одржат повеќе активности во рамките на одбележувањето на Светскиот ден на штедењето – 31 октомври и Деновите на финансиската писменост.

По повод одбележување на Светскиот ден на штедењето – 31 октомври, Народната банка ќе организира работилница за штедењето со ученици, којашто ќе се одржи во просториите на едно основно училиште, а потоа учениците ќе ја посетат Народната банка, каде што ќе се запознаат со работењето на институцијата. Воедно, во Народната банка ќе се организираат едукативни предавања, како и квиз за учениците од едно средно училиште. Во рамките на соработката со Сојузот на средношколци, оваа година учениците ќе ја посетат Народната банка, при што ќе биде организирана трибина на тема: „Важноста на штедењето за економијата и поединецот“, на која средношколците ќе имаат можност да дискутираат на тема пари, штедење, инвестирање и управување со личните финансии.

Во рамките на Деновите на финансиска писменост, Народната банка ќе организира виртуелен настан на тема: „Родова финансиска инклузија“ којшто ќе се одржи на 4 ноември 2026 година. Предавањето ќе го одржи Елизабет Наумовски, која живее во Канада и е реномирана говорничка од областа на финансиското образование и мотивациски говорник за жените. Исто така, во соработка со Светската банка, Народната банка ќе објави и едукативен  видеозапис на тема: „Како да испраќате пари дома преку СЕПА – Единствената европска платежна област“ со цел запознавање на населението со предностите за прекугранични плаќања и приливи во евра, со над 40 земји членки на СЕПA. Меѓу другото, Народната банка ќе организира и посета на основни училишта од руралните средини во земјава во рамки на руралниот караван со цел запознавање на учениците со функциите и задачите на Народната банка.

Реклама

Народната банка веќе четиринаесетта година го одбележува Светскиот ден на штедењето. Деновите на финансиската писменост се одржуваат по десетти пат и се во организација на финансиските регулаторни институции  ̶ Народната банка, Министерството за финансии, Комисијата за надзор на пазарот на капитал, Агенцијата за супервизија на капитално пензиско осигурување ‒ МАПАС и Агенцијата за супервизија на осигурувањето, во соработка со приватниот финансиски сектор и граѓанските здруженија.