Реклама

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Трговците си ваделе маржи од ракав – Во понеделник повикани на состанок во Владата

Бројер: Македонија е стабилен НАТО партнер

Почнува пријавувањето за глобалниот самит ЕКСПО 2027

Скандалозно работење во Паркинзи Центар-ВМРО ДПМНЕ ги прозива СДСМ и Герасимовски за милионска афера!?

Брисел ги скенира клучните случувања поврзани со владеењето на правото

Крај на маките за македонските транспортери, обезбедени долгорочни визи во повеќе европски земји

Втора шанса за успешен тендер: Во понеделник ќе се знае дали Скопје ќе добие нови автобуси, се пријавиле четири компании

Семејството Томашевски се вратија од Холандија во Македонија и една година успешно водат бизнис со помош на државен грант

Вечерва во Дојран свечено ќе биде затворено петтото издание на фестивалот „Преку Езерото“

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Свет

Нафтата падна за 25% откако Трамп ја нарече војната со Иран „прилично завршена“

Џабе паника и џабе метеж на бензинските станици каде од ноќеска на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Џабе паника и џабе метеж на бензинските станици каде од ноќеска на полноќ горивата се продаваат по нови повисоки цени како резултат на глобалните случувања со војната во Иран….Цената на нафтата на светските пазари уште синоќа забележа пад за повеќе од 25% или на 85 долари за барел.

Изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп, кој рече дека конфликтот со Иран наскоро би можел да заврши според упатените има клучно влијание за ваквите движења. Но, американскиот претседател предупреди дека Техеран ќе биде погоден „дваесет пати посилно“ ако се обиде да го запре протокот на нафта низ Ормускиот Теснец.

Трамп додаде дека САД се „многу понапред“ од неговата првична проценка за временска рамка од четири до пет недели.

Реклама

– Тие немаат морнарица, немаат комуникации, немаат воздухопловни сили. Нивните ракети се сведени на поединечни истрели. Нивните дронови се разнесуваат насекаде, вклучително и нивните капацитети за производство на дронови. Ако погледнете, ним не им остана ништо. Нема ништо преостанато во воена смисла – рече тој.

Трамп исто така изјави дека, иако не сака во моментов да зборува за преземање на иранската нафта, не ја исклучува таа можност.

Првиот човек на САД наведе дека „сигурно имало разговори за тоа“, притоа споменувајќи го примерот на Венецуела, каде што САД во јануари спроведоа акција за апсење на лидерот на таа земја Николас Мадуро и оттогаш презедоа чекори за да ги обезбедат и искористат венецуелските нафтени резерви.

Иранската револуционерна гарда, пак соопшти дека секоја арапска или европска земја што ќе ги протера амбасадорите на САД и Израел од својата територија ќе може слободно да поминува низ Ормускиот Теснец.