Реклама

Економскиот бенефит пред ниските удари: Финансии прифати амандман на Битиќи

Македонија треба да му плати 3,5 илјади евра отштета на Атанасовски

И покрај деструктивноста на опозицијата, продолжуваме со реформите, потенцира Мицкоски

Вечерва свечено отворање на Филмскиот фестивал „Преку Езерото“

„Твоја Македонија“ со засилување: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ доби плус еден пратеник, сега има 59 народни избраници

Во Прилеп промовиран Центарот за е-услуги

Трка со времето за ново срце – триесетина пациенти чекаат телефонски повик за спас

Над 200 овци кај кои беше потврдена овча сипаница се еутанизирани и закопани

Филмскиот фестивал „Преку езерото“ преку уметноста и културата до поддршка на туризмот

Собранието оддаде почит на жртвите од Сребреница

Побрз транспорт на стока во ЕУ преку Хрватска

ВМРО-ДПМНЕ фрли ракавица на СДСМ и Левица: Ќе прифатат се што ќе понуди опозицијата, само да гласа дијаспората

Економија

Надпросечна реализација на капиталните проекти – 74% за 4 месеци

За 4 месеци сработено како за 9 месеци. Рекордна реализација на капиталните…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

За 4 месеци сработено како за 9 месеци. Рекордна реализација на капиталните инвестиции. За нецели 4 месеци, биле изградени 74% од проектиоте планирани за цела година. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски е задоволен од постигнатото. И не само тоа, туку тој планира да побара и повеќе пари за оваа намена. При кроењето на ребалансот на буџетот кој се планира за месец и пол отсега, тој најави дека ќе иницира дополнителни финансии за нови проекти.

„Оваа година веќе сме на 74% реализација. Внимавајте, тоа е за цеа година, а ние за 4 месеци имаме реализација на 74%, што значи дека ни остануваат 26% за 8 месеци. Ќе имаме ребаланс на буџет во следниве месец-месец и половина. Секако јас ќе замолам доколку може да добиеме дополнителни средства, како би реализирале и нови проекти, надвор од оние кои беа предвидени“ – вели Александар Николоски – Вицепремиер и министер за транспорт.

Во моментов активно се работи на обнова на патната и железничката инфраструктура. Вицепремиерот Александар Николоски најави дека за десетина дена ќе биде распишан тендер за изведувач на третата делница од Крива Паланка до Бугарија и таа конечно ќе почне да се гради летово. Забрзани се активностите и на втората делница од пругата кон Бугарија во делот од Бељаковце до Крива Паланка. Првиот дел веќе е пуштен во употреба. На овој потег останува уште да се изгради заедничкиот железнички тунел со Бугарија кој ќе се финансира со европски пари.

Реклама

Дополнително, има најави за побрз финиш на одредени автопатски делници како таа од Прилеп до Битола. Конзорциумот Бехтел и Енка активно гради на двете делници од Тетово до Букојчани, а во финална фаза е и  изборот на изведувач за автопатот Кичево-Букојчани. На исток, следна делница за изградба е онаа од Куманово до Страцин. Внимание се посветува и на модернизација на граничните премини. Ќафасан е готов, а на Деве баир активно се работи.