Реклама

Вечерва во Дојран свечено ќе биде затворено петтото издание на фестивалот „Преку Езерото“

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Тешко до нов изборен законик: Македонија си има работа со незрели и неодговорни политичари од опозицијата

Мерки за нелогичните поскапувања – Владата анализира

Аналитичарите децидни: Бојкотот на опозицијата ја кочи реформската агенда на Владата

5,4 милиони евра за 1400 нови вработувања

Мицкоски: Од понеделник се намалуваат акцизите за горивата, се бараат начини да поевтини струјата

Државата плаќала, Мирчевски приватно летал и се возел – обвинение за екс-директорот на СОЗР

ИЈЗ отвори психолошко советувалиште за деца и адолесценти, но и за родители и наставници

Штип го добива првиот центар за рехабилитација за деца и младинци со попреченост

Тричлено меѓународно жири ќе ги избере лауреатите на фестивалот „Преку езерото“

Клековски со амбициозен план: Целосна трансформација на македонското здравство

Македонија

🎥 Над две милијарди евра наплатила царината за една година

Над 2 милијарди евра собрани во државниот буџет за една година, зголемување…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Над 2 милијарди евра собрани во државниот буџет за една година, зголемување од 105 милиони евра во однос на претходната.

Директорот на Царинската управа, Бобан Николовски вели дека растот на приходите е резултат на зголемената ефикасност во работата, зајакнатите царински контроли и решителната борба против организираниот криминал и корупцијата.

Поднесени се 181 кривична пријава против 307 физички и 99 правни лица, што е за четири и пол пати повеќе во споредба со претходната година кога биле поднесени 42 кривични пријави. Директорот Николовски истакна дека ова се историски резултати за институцијата.

Реклама

Во текот на изминатиот период од една година наплативме приходи во висина од над две милијарди евра или речиси 105 милиони евра повеќе од истиот период претходно. Раст на приходите има по секој основ. Приходите од царина бележат раст од 15,2 проценти, од акциза од 7,1 процент, а приходите од данокот на моторни возила бележат раст од 17 проценти. Ова претставува сериозен износ што се влева во Буџетот за повеќе капитални инвестиции, што ја раздвижаа економската активност и водат до повисок економски раст, нагласи Николовски.

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска смета дека зголемената наплата ги зајакнува финансиските позиции на државата и создава стабилна основа за економски развој.

Царинската управа во изминатата година јасно покажа дека може да биде сервис на државата, на граѓаните и на стопанството. Тоа е и основната цел на секоја државна институција – да служи со ефикасност, отчетност и транспарентност – рече денеска инистерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.

Според премиерот Мицкоски со напорна работа и домаќински пристап државата се гради системски – институција по институција.

За една година со напорна работа, визија и домаќински пристап ја враќаме државата на нозе, дел по дел, институција по институција, систем по систем. Граѓаните го препознаваат новиот пристап. Знаат дека не ветуваме чуда, дека напорно работиме секој ден за да изградиме систем кој не зависи од партиски книшки, туку од правда, отчетност и еднаквост, рече премиерот Христијан Мицкоски.

Покрај финансиските резултати, надлежните ги истакнаа и активностите во борбата против криминалот, модернизацијата на царинските процеси и напорите за зајакнување на институционалната ефикасност. Овие реформи, треба да придонесат зајакнување на економијата и стабилноста на државата.