Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски – Јанша: Пријателството да го преточиме во уште посилна економска соработка, европската интеграција да се темели на заслуги

Блажо Ѓорев во Њујорк беше партнер и ко-домаќин на престижниот деловен настан на BCIU, основан по иницијатива на Белата куќа

Македонија треба да го следи европскиот тренд за ограничување на пристапот на децата до социјалните мрежи

Нови пазари и приходи: Што ќе донесе антимонот, македонското „злато на новото време“?

Хутите стигнаа до теснецот „Баб ел-Мандеб“ – нафтата на берзите може да скокне до цели 120 долари по барел

Здравството без хартија: Новата стратегија носи дигитални картони, рецепти и консултации

Во Брисел состанок на министрите за европски прашања: Во фокус проширувањето и можната промена на правилата

ДЗР: Системот за заштита и спасување неподготвен за навремено и ефикасно справување со катастрофи

Мицкоски на отворањето на Генералното собрание на ОН: Со гордост ја претставуваме Македонија на местото на кое се носат важни одлуки

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Македонија

Над 60.000 луѓе присуствуваа на сенародниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ

Реки народ пред Владата присуствуваа на денешниот митинг и им дадоа поддршка…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Реки народ пред Владата присуствуваа на денешниот митинг и им дадоа поддршка на професорката Гордана Силјановска Давкова и на ВМРО-ДПМНЕ.

Со сенароден митинг пред Владата, ВМРО-ДПМНЕ вечерва ја започна кампањата за претседателските избори.

Реки народ пред Владата присуствуваа на денешниот митинг и им дадоа поддршка на професорката Гордана Силјановска Давкова и на ВМРО-ДПМНЕ.

Реклама

Според проценките, вечерва пред Владата присуствуваа над 60.000 луѓе. Народот порачува дека време е за промени во земјава, што впрочем го потврдуваат и анкетите.

-Гордоста не се купува или подарува. Гордоста се заслужува. Ова е годината кога одбележуваме 80 години од македонската државност, 80 години од АСНОМ. Партизаните, беа инспирирани од првиот Илинден и затоа влегоа во вториот Илинден, во борба за слобода. Е така се гради гордост, тие загинаа за нас , за Македонија да ја направат горда. Ние тоа мора да го почитуваме. Тие тоа го заслужуваат, нашиот народ тука тоа го заслужува, истакна Силјановска Давкова.

Таа вети дека ако стане претседател на државата повторно ќе ја отвори Народната канцеларија на претседателот, која беше отворена од поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов. Рече дека нема да оди надвор од Македонија и да преговара без да оствари консензус за клучните прашања за државата.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој е и носител на листата во Првата изборна единица на Парламентарните избори, оцени дека „народот доаѓа по своето, по тоа што му е одземено“.

– Доаѓа по Македонија, до големите промени со кои на сите ќе им покажеме дека не ја даваме, дека сите заедно сме силата на Македонија, истакна Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ најави промени, но и дека во кампањата ќе зборува за понудата, а против другите кандидати на изборите.

Според него, партијата е посилна од кога било, обединета, сложна, со јасна заедничка цел.

-Идејата не можат да ја уништат. Нашата идеја се вика Македонија. Да ја вратиме во рацете на народот, и да ја одземе од стотина функционери од ДУИ и нивните измеќари од СДСМ. Проблемот на Ковачевски е што државата му ја подари на Ахмети и тоа на тацна, рече Мицкоски.