Реклама

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Македонија

На шест пациенти им е направена трансплантација на кожа, имале трет степен на изгореници

Здравствената состојба на повредените од пожарот во кочанската дискотека од час во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Здравствената состојба на повредените од пожарот во кочанската дискотека од час во час се менува.Пет пациенти кои се лекуваат во странство се критични, но добрата вест е што нема промена во бројот на хоспиталзиирани. 55 луѓе се во македонските болници и сите се стабилни. Девет од нив, утре ќе бидат пуштени на домашно лекување.Надлежните велат дека борбата не е завршена, таа допрва престои. Предупредуваат дека оваа недела почнува ризикот од инфекции на оние кои имаат сериозни изгореници.

10-те пациенти кои се хоспитализирани во Клиниката за хируршки болести Св. Наум Охридски се стабилни, иако имале сериозни опекотини. Дел од нив се веќе оперирани.

“Шесте пациенти на кои им е направена трансплантацијата се со трет степен на изгореници, додека кај останатите пациенти продолжуваат редовните преврски и веќе во текот на наредната недела се очекува да бидат пуштени на домашно лекување. Ситуацијата е флуидна и може да се смени од час во час” вели д-р Небојша Настов, директор на Клиника за хирушки болести Св.Наум Охридски.

Реклама

Седумнаесет од вкупно 30 повредени во пожарот кои се лекуваат во Србија се хоспитализирани во Клиничкиот центар во Белград. Двајца од нив се на респиратор и се критични, и двајца се оперирани.Најмладиот пациент  има само 17 години.

„Имаме и добри вести. Неколку пациенти ќе бидат преместени на одделение, бидејќи нивната функција со дишењето се враќа во нормала, а изгорениците се такви што не бараат закрепнување во единицата за интензивно лекување. Се работи за млади луѓе, најмладиот има 17 години, 35 години има еден пациент, а другите се на околу 20 годишна возраст. Кај оние со тешки изгореници, ќе мора нивната сопствена кожа да се земе од одредени регии на телото и да се трансплантира на регии што се оштетени од изгореници“, изјави проф. д-р Милан Стојичиќ-директор на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија во Клиничкиот центар во Србија.

Здравствените власти се мобилизирани и се подготвуваат за следната фаза – враќање на пациентите од странските центри. Дел од 115-те луѓе кои се лекуваат надвор од државата од втората половина на неделата ќе бидат вратени во Македонија.