Реклама

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Македонија

На Рамиз Мерко му се стемни од напразно фрлените 110.000 евра за осветлување на Црни Дрим

На Рамиз Мерко му се стемни од на празно фрлените 110.000 евра…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На Рамиз Мерко му се стемни од на празно фрлените 110.000 евра за осветлување на Дримот,откако обвинителството поднесе кривична пријава против него. Пропаднаа парите кои струшкиот градоначалник ги потроши за подводно поставување на 300 светилки чиј век траеше кратко,но остави негативни последици,велат природнаучниците.

„Сите речни текови во Македонија претставуваат статички објекти и подрачја за кои мора многу внимателно да се управува.Оваа одлука на судот претставува еден мал чекор кон подобра заштита и управување на целиот охридски регион.Реката Дрим е многу загадена река,река која е под силен еколошки притисок особено во тие гратски партии.Така да секоја форма на заштита на реката придонесува кон нејзино подобро управување  “-вели Кирил Арсовски,биолог

За потсетување,пред 4 години Мерко удри по природонаучниците нарекувајќи ги скептици и помпезно со огномет,го пушти осветлувањето.Притоа поистоветувајќи го Дримот со вештачки базен за риби и водни растенија.

Реклама

„Нема место за критики од страна на еколозите, бидејќи осветлувањето воопшто не не спречува или уништува флора или фауна,наспроти можда  е уште подобро, ќе изгледа како аквариум”-изјави Рамиз Мерко на 22 јуни 2021

За овој хир на Мерко и тогаш и сега жестоко реагираат од струшкиот огранок на ВМРО ДПМНЕ.Тие своевремено побараа Антикорупциската комисија и сите други надлежни институции да поведат постапка и да ги разгледаат сите околности на договор меѓу општина Струга и фирмата “ТЕ-ЏИ БМ Електрик “од село Мислодежда.Укажуваа дека истиот не предвидуваше никаква заштита или гаранции кон градот во смисла на квалитетот на вградената опрема.Тие се надеваат дека овој пат ќе го стигне прадата.

Перцепцијата дека постои политиката на неказнивост и спората динамика на судските процеси оставаат впечаток дека некој е над законот или е недопирлив. Се надеваме дека ист епилог ќе имаат и останатите претставки кои со години чекаат разрешница. Јавноста будно ги следи и со негодување реагира на ослободителните пресуди и на ниските парични казни“, велат од ВМРО ДПМНЕ О.К.-Струга:”

Дека Мерко на своја рака го постави осветлувањето потрдија и од Хидробиолошкиот Институт,кажаа дека до нив воопшто не се обратиле од Општина Струга да побараат мислење дали ваквото освелување е штетно за живиот свет во реката Дрим.