Реклама

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Детското насилство сè побрутално – тепачки, ножеви и понижувања пред камери

Инвестициите во инфраструктурата ја менуваат транспортната позиција на Македонија

„Сејф сити“ ги намали несреќите – камерите го сменија однесувањето на возачите

ДУИ со блокада против државата – Собранието стана арена за партиска пресметка

МАКЕДОНЦИ НЕ БИДЕТЕ „НЕВИДЛИВИ“: Почнува пописот во Австралија, шанса која Македонците не смеат да ја пропуштат

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

Прилози

На Македонија и е потребна долгорочна стратегија за млади научници

Државата мора да направи долгорочна стратегија, со која ќе ги поддржи младите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Државата мора да направи долгорочна стратегија, со која ќе ги поддржи младите научници, но и да ги мотивира да останат во државата. Ваков е ставот на професор Рубин Гулабоски, кој годинава заедно со проф. Татјана Рускоска, ги добија признанијата за најдобар научник за 2023 година. Според Гулабоски, бадијала е целата опрема ако нема доволно кадар. Како пример  ги посочи акцелераторите во 8ми Септември и Клиничка болница Штип, кои не можат да се стават во функција, бидејќи нема физичари.

„И затоа нема да не има на Шангајската листа. За успесите на нашите ќе слушаме од други медиуми, а овде нема да можеме на некој начин да го издеференцираме потенцијалот на младите. Голем проблем тука лежи и во нас, меѓутоа државата мора да направи долгорочна стратегија за да се спаси нешто во 2050 година„ изјави проф. Рубин Гулабоски, од Универзитетот „Гоце Делчев„.

Главниот проблем во науката, лежи во ресурсите. Во државата има 5000 научни работници, од кои само 800 се асистенти. Во моментот некој факултети на штипскиот Универзитет, воопшто немат асистенти. Постарите професори заминуваат во пензија, а на нивно место не се вработува млад кадар.

Реклама

„Пред се да ни дозволи нови вработувања, примање на млади кадри . Тоа е првиот и основен чекор што треба да се преземе„ изјави проф. Зденка Стојановска, проректор за наука на УГД-Штип.

На денешната свеченост по повод Денот на науката, беше истакнато, дека треба да се говори и за Стенфорд листата, каде годинава има рекорден број на македонски научници, а во првите 10.000 се најде и македонскиот научник Кимет Јусуфи. На штипскиот Универзитет беа доделени награди и признанија за научен придонес во сите области.

Александра Ристевска