Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

На Детската клиника има 20-ина деца со грип, сите се во добра општа состојба

На Универзитетската клиника за детски болести хоспитализирани се 20-ина деца со симптоми…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На Универзитетската клиника за детски болести хоспитализирани се 20-ина деца со симптоми на акутни вирусни инфекции од типот на грип и болести слични на грип, од кои кај најголем број е изолирана инфлуенца А. Има неколку случаи на возраст до 23 месеци кај кои е изолиран респираторен синцицијален вирус и еден помал број заболени со докажан ентеровирус риновирус, изјави педијатар пулмолог Весна Мицевска од Клиниката. 

Заболените, посочи докторката, се на возраст до 14 години, од кои најголем број се на возраст до пет години.

– Тие се во добра општа состојба. Некои од нив имаат компликации од типот долнореспираторни инфекции, бронхит, бронхопневмонија или бронхиолит. Нема потешки случаи и во моментот нема пациенти на кислородна поддршка. Од хоспитализираните, најчесто едно-две деца се со хронични заболувања – рече доктор Мицевска.  

Реклама

Таа истакна дека ако се појават симптоми на акутна инфекција, како што е зголемена температура, доколку состојбата на детето е добра, во првите 24-48 часа родителите треба да се обидат во домашни услови да ја намалуваат темепературата, да му даваат течност и да ја следат состојбата.

– Подоцна, ако има некакво влошување на состојбата и ако не се намалат или не се повлечат симптомите, родителите треба да го однесат детето на матичен лекар или во дежурна служба. Превенција против овие инфекции е да се избегнува да се носат децата на места на кои има многу луѓе, а децата што имаат симптоми на акутни вирусни инфекции треба да се изолираат дома и да не се пуштаат во училите и во градинка – додаде д-р Мицевска од Детската клиника.